„Морам да носам пелени, но барем секогаш имам паркинг“: Кристина Еплгејт за животот со мултипла склероза

„Ќерка ми ја изгуби мајка си. Танцувањето, тоа што ја земав од училиште секој ден, тоа што не бев по цел ден во кревет… Сето ова се работи што ќерка ми повеќе не ги гледа“, вели актерката Кристина Еплгејт во ново интервју во кое зборува за животот со мултипла склероза.

moram-da-nosam-peleni-no-barem-sekogash-imam-parking-kristina-eplgejt-iskrena-za-zhivotot-so-multipla-skleroza-01.jpg

Актерката Кристина Еплгејт која е позната по забавните комедии како Bad Moms има мултипла склероза и во неколку наврати отворено зборуваше за предизвиците кои ги носи болеста.

Сега, во заедничко интервју за People со актерката Џејми Лин Сиглер, која страда од истата болест, Еплгејт открива повеќе детали од нејзината битка.

moram-da-nosam-peleni-no-barem-sekogash-imam-parking-kristina-eplgejt-iskrena-za-zhivotot-so-multipla-skleroza-04.jpg

На прашањето како се справува со болеста, Еплгејт вели:

„Симптомите ми се најлоши наутро, навистина се лоши. Болката, трнењето (на екстремитетите) и рамнотежата, ужасно е. Па, нормално, најпрво наутро сум гневна за тоа.

Но, не сакам постојано да се чувствувам така… Знам дека ќе имам доволно долг живот со мојата ќерка. Морам да бидам тука (за неа), па морам да се борам“.

moram-da-nosam-peleni-no-barem-sekogash-imam-parking-kristina-eplgejt-iskrena-za-zhivotot-so-multipla-skleroza-03.jpg

Актерката открива и дека многупати била хоспитализирана поради симптомите од болеста, а вели и дека се здебелила.

„Многупати сум била во болница. Не знаат што ми е, но сигурни се дека имам проблеми со стомакот и цревата. Ми предизвикуваат интензивна болка и повраќање.

Се здебелив 20 килограми по дијагнозата поради стероидите и недостатокот од движење.

Но, сега ослабев околу 13 килограми. Луѓето ме прашуваат како, а јас им кажувам: ’Од повраќање‘“.

moram-da-nosam-peleni-no-barem-sekogash-imam-parking-kristina-eplgejt-iskrena-za-zhivotot-so-multipla-skleroza-08.jpg

Еплгејт има 13-годишна ќерка и вели дека болеста значително ја променила динамиката во нивниот дом.

„Ќерка ми гледаше како ја губи мајка ѝ… Танцувањето, тоа што ја земав од училиште секој ден, тоа што бев присутна во куќата, надвор од мојот кревет… Ова се работи што повеќе не ги гледа.

Ако влезе во мојата соба и види дека лежам настрана, знае дека не може да ми рече да направам што било. И, тоа ми го крши срцето.

Бидејќи, јас навистина сакам да правам работи за моето дете. Сакам да ѝ направам јадење и да ѝ го однесам, но некогаш не можам. Но, се обидувам“.

moram-da-nosam-peleni-no-barem-sekogash-imam-parking-kristina-eplgejt-iskrena-za-zhivotot-so-multipla-skleroza-07.jpg

Актерката зборува и за нејзиниот сопруг со кого е во брак од 2013-та.

Таа истакнува дека ѝ е огромна поддршка и дека пробува да ѝ помогне на кој било начин. Сепак, актерката вели дека понекогаш се чувствува лошо што му е толкав товар.

moram-da-nosam-peleni-no-barem-sekogash-imam-parking-kristina-eplgejt-iskrena-za-zhivotot-so-multipla-skleroza-09.jpg

На прашањето кои се најголемите предизвици од болеста кои луѓето не ги разбираат, двете актерки откриваат дека мораат да носат пелени.

„Па, мораме да одиме во тоалет… додека носиме панталони.

Бидејќи сигурно не можеме да стигнеме до тоалетот навреме, носиме пелени“, вели Еплгејт и додава дека, од друга страна, барем секогаш има паркинг каде и да отиде.

Другата актерка, Џејми, се шегува дека не ѝ се допаѓаат дезените со цветови на пелените за возрасни.

moram-da-nosam-peleni-no-barem-sekogash-imam-parking-kristina-eplgejt-iskrena-za-zhivotot-so-multipla-skleroza-02.jpg

И покрај болеста, Кристина Еплгејт не се откажа од серијата Dead to Me чија последна епизода беше емитуван во 2022-рa.

Тогаш актерката изјави дека ова ѝ е последна улога.

„На сетот на серијата, ја имав целата поддршка што ми треба, а навистина дадов сè од мене за да ја снимам.

Мислам дека нема повторно да добијам сет приспособен за мене. Па, страв ми е, не знам дали некој ќе ме прифати сега, во оваа состојба.

Но, тоа што нема да бидам во можност повторно да глумам, искрено, ми го крши срцето. Секако дека ми недостасува“.

moram-da-nosam-peleni-no-barem-sekogash-imam-parking-kristina-eplgejt-iskrena-za-zhivotot-so-multipla-skleroza-06.jpg

Низ годините, Еплгејт имала бројни проблеми со здравјето – во 2008-ма имаше рак на дојката и направи двојна мастектомија, додека во 2017-та ги отстрани јајниците.

Дијагнозата за мултипла склероза ја доби пред околу две години.

Погледнете и: „Го изгубив животот“: Кристина Еплгјет (50) се отвори за мултипла склерозата откако го победи ракот на дојката и ги отстрани јајниците

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Со пари можат да си купат и талент - како живеат и заработуваат ќерките на Џеј Ло, Бијонсе, Ким Кард... Ќерката на Бијонсе има личен готвач и стилист, а името ѝ е заштитено со закон. К...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg