Најпознатата хрватска манекенка на сите времиња, Нина Мориќ (46), живее бурен живот полн со скандали. Неколку пати проба да се самоубие, со поранешниот сопруг се тужеа за семејно насилство, синот ја обвини дека украла 50.000 евра семејни пари, се шпекулираше дека криумчарела дрога, но и дека е виновна за разводот на Адријана Лима и Марко Јариќ.