Хајди Клум доживеа незгода во Кан - фустанот ѝ се измести и ѝ ја откри градата на црвениот тепих (фото)
- Детали
- четврток, 25 мај 2023
Хајди Клум се појави во провокативна и смела креација на Канскиот филмски фестивал, но додека позираше, фустанот ѝ се измести и ѝ ја откри едната града. И покрај незгодата, Хајди самоуверено продолжи да позира.
Во средата (24.05) Хајди Клум присуствуваше на Канскиот филмски фестивал, а на црвениот тепих ѝ се случи мала незгода.
49-годишниот модел носеше провокативен жолт фустан со висок шлиц кој ѝ го откриваше стомакот и долниот дел од градите.
Фустанот имаше и долга наметка украсена со сребрени детали.
Додека позираше на црвениот тепих, Хајди ја креваше наметката, но во еден миг фустанот ѝ се измести.
Односно, делот што ѝ ги покрива градите се крена повеќе од што треба и ѝ ја откри едната града.
Се чини дека Хајди не ја ни забележа незгодата и самоуверено продолжи да позира.
Хајди беше сама на настанот, но претходно беше забележана со нејзиниот сопруг Том Каулиц.
Тие седеа на ручек во ресторанот на луксузен хотел во Франција.
Моделот беше во лежерно издание со долг фустан со впечатлив принт. Том, пак, носеше кошула со принт и бели панталони.
Хајди има четири деца од претходни партнери, но неодамна изјави дека не ја исклучува можноста до добие дете и со Том.
Првите гласини за нивната врска почнаа во 2018 година, а веќе следната се свршија, но и се венчаа во тајност.
Спирова С. | Црнобело