Хајди Клум искрена за интимниот живот: „Бившиот беше многу стар, сегашниот сопруг може да издржи со часови“
- Детали
- четврток, 01 февруари 2024
„Јасно ви е дека немам некој одреден тип (на мажи). Сум била со ќелави, стари, мажи со долга коса и слаби, но и со сосема различни карактери“ – рече Хајди Клум. Манекенката откри детали за нејзиниот интимен живот, како и што најмногу ѝ се допаѓа кај 16 години помладиот сопруг.
Манекенката Хајди Клум е позната по тоа што често објавува разголени и топлес фотографии, а неодамна отворено зборуваше и за својот интимен живот со поранешните партнери, но и со сопругот кој е 16 години помлад од неа.
Хајди (50) денес е во брак со Том Каулиц (34), но познато е дека беше во врска и со милионерот Флавио Бриаторе (73) со кого ја доби ќерката Лени, а се разделија додека манекенката сѐ уште беше бремена.
Хајди и Флавио почнаа да се забавуваат во март 2003-та година кога таа имаше 29 години, а тој 53, а сега, гостувајќи во подкастот Call Her Daddy, манекенката изјави дека нејзиниот тогашен партнер бил навистина стар.
Со Флавио се раздели додека беше бремена, но кога се роди ќерка ѝ Лени, Хајди веќе беше во врска со музичарот Сил (60), кој подоцна го посвои девојчето.
„Погледнете го моето минато. Јасно ви е дека немам некој одреден тип (на мажи). Сум била со ќелави, стари, мажи со долга коса и слаби, но и со сосема различни карактери“ – нагласува таа.
По ова, Хајди почна да го фали сегашниот сопруг за неговите вештини во кревет, па рече дека интимниот чин може да трае со часови, а доволно ѝ е само да го погледне за да биде расположена за секс.
„Мислам дека на жените им е полесно отколку на мажите, па затоа е многу важно мажот да биде издржлив. Затоа што, обично, мажите се тие што не можат да издржат долго.
Или, пак, можеби е до крвта што треба да се собере на одредено место, па ми се чини дека некои не можат да го направат тоа. Многу мажи не можат да го направат тоа, а мојот сопруг може“ – рече Хајди.
Инаку, таа откри дека со сопругот редовно користат и секс играчки, а тоа им дозволува чинот да трае со часови и да испробаат голем број други работи.
Прочитајте и Хајди Клум (49) и сопругот (33) разменуваат нежности на јахта како вљубени тинејџери - не ги тргаат рацете еден од друг (фото)
Б. С. Б. | Црнобело