Хајди Клум (49) и сопругот (33) разменуваат нежности на јахта како вљубени тинејџери - не ги тргаат рацете еден од друг (фото)
- Детали
- среда, 31 мај 2023
Крстарење на југот од Франција со луксузна јахта и личноста која ја сакате најмногу на свет, звучи совршено, зарем не? Хајди Клум очигледно го живее својот сон... Страсна и интензивна кон сопругот.
Хајди Клум (49) веќе 4 години е брак со својот сакан Том Каулиц (33), но тие се вљубени како и првиот ден, а доказ за тоа се фотографиите направени за време на нивното крстарење низ Франција со јахта.
Тие се уловени од папарацо фотографите како страсно се бакнуваат, а Хајди изгледа посекси од кога било.
Германскиот модел нежно го прегрнува и бакнува својот сакан, а потоа уживаат со студен пијалак, водени спортови и уживање.
Совршен одмор, зарем не?
Хајди Клум и Том Каулиц на јахта:
С. С. | Црнобело