Браво! Селена Гомез жестоко се расправа со својот телохранител затоа што ѝ ги буткал фановите (видео)

На вирално видео се гледа како Селена Гомез жестоко се расправа со маж од обезбедување. Според очевидците, мажот е всушност телохранител на пејачката, а таа почнала да се кара со него бидејќи силно бутнал нејзин фан. Во коментари, скоро сите се восхитени од реакцијата на Селена.

viralno-video-selena-gomez-zhestoko-gi-brani-fanovite-se-rasprava-so-telohranitel-koj-gi-butkal-01.jpg

Периодов Бијонсе е на турнеја, а на еден од концертите присуствуваше и Селена Гомез.

Од концертот во Париз се појави видео на кое се гледа како 30-годишната пејачка се расправа со маж од обезбедување.

„Селена Гомез одбрани фан кој беше бутнат од нејзиниот телохранител. Селена силно ги брани нејзините фанови!“, стои во описот.

Според коментарите на видеото објавено на Твитер, мажот е всушност телохранител на Селена бидејќи во текот на целиот концерт бил покрај неа.

Тоа се гледа и на други видеа споделени од фанови кои биле присутни на концертот.

Уште се дискутира за причината за караницата помеѓу Селена и телохранителот, но повеќето се сигурни дека пејачката ги брани нејзините фанови.

Според присутните на концертот, телохранителот грубо бутнал неколку фанови на Селена, а токму ова ја разгневило пејачката.

Видеото од караницата помеѓу Селена и телохранителот е споделено и на ТикТок, заедно со видео направено од друг агол. На второто видео се гледа дека куп фанови почнуваат да трчаат кон Селена, во моментот пред да почне караницата.

@sussan_mourad

Replying to @Deepa bhatt @Selena Gomez got extremely upset & angry with security at @Beyoncé Renaissance Paris show #selenagomez #beyonce #renaissancetour #selenators #selenagomezbeyonce #selenagomezbeyoncerenaissance #selena #entertainmentnews #celebritynews #sussanmourad #selenaupset #selenarenaissance

♬ original sound - Sussan_Mourad

Во коментари, многумина истакнуваат дека телохранителот само пробувал да си ја работи работата, но сите се восхитени од реакцијата на Селена:

„Изгледа како обезбедувањето да си ја работи работата, но Селена не сака никој да биде повреден“.

„Поради ова ја сакам Селена Гомез“.

„Сирота. Таа навистина ги сака нејзините фанови и пробува да ги заштити“.

„Мислам дека не станува збор само за фан. Проблем е фактот што фанот е млада девојка“.

Како „доказ“ за грубото однесување на телохранителот, на Твитер беше споделено уште едно видео од концертот.

На видеото се гледаат Селена Гомез и нејзината пријателка Ракел Стивенс.

Додека Селена влегува во автомобилот, Ракел тргнува по неа, но телохранителот силно ја бутка и не ѝ дозволува да влезе.

Но, веднаш сфати дека станува збор за пријателка на Селена, па грубо ја повлече кон автомобилот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Селена Гомез стана мета на критики затоа што си го „крие“ стомакот на настан - таа искрено им одгово... Селена Гомез искрено откри со каков здравствен проблем се соочува и изјави: „Не ...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Селена Гомез се сврши со дечкото кој соработуваше со Џастин Бибер – зошто фановите го мразат? „Треба да го остави пред да ѝ го уништи животот“ – со вакви коментари фановите г...
Малума објави видео на кое ја бричи главата на 4-месечната ќерка: „Ти си лош родител“ „Можеби си добар музичар, но ти си лош родител“ – му порачаа дел од следбениците...
Бредли Купер со бизарно признание: „Се шетам гол пред ќерка ми Леа (6) - и татко ми правеше така“ „Во мојата спална соба, кадата, тоалетот и креветот се во истата просторија. Нем...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg