Тамара Тодевска ја изненади сестра ѝ за роденденот - се појави во Белград со торта, Тијана збунета и пресреќна
- Детали
- вторник, 04 февруари 2025
Тијана Дапчевиќ вчера (03.02) го прослави својот 49-ти роденден, а нејзината помала сестра Тамара, помина скоро 450km за да ја изненади.
Дека сестринската љубов нема граници вчера покажа и Тамара Тодевска.
Таа реши да ја изненади својата постара сестра, па тргна од Скопје и ненајавено се појави во ресторанот во Белград каде што Тијана славеше роденден со другарките.
Скриена зад келнерот, Тамара запали прскалки на роденденската торта и почна да ѝ пее на Тијана. А таа прво се збуни, но потоа почна да се смее и да се гушка со сестра си.
„Ме изненадија“, напиша Тијана на видеото од изненадувањето што го сподели на Инстаграм Стори, а кое го снимија нејзините другарки.
Тамара во Белград дојде со партнерот Лука. Тие освен подарокот, на Тијана ѝ донесоа и букет од мимози.
Тодевска сподели и дел од атмосферата во ресторанот, каде двете сестри пеат гушнати, но и Лука, понесен од атмосферата пее и ужива.
И Тијана објави видео од прославата во ресторанот, каде што е со другарките, па се пошегува: „Моите жени (и зетот)“, бидејќи Лука е единствениот маж со нив.
Пред да дојде во Белград, Тамара на Инстаграм Стори сподели фотка со Тијана и родененска честитка.
„Сис моја, колку и да си далеку, секогаш си дел од мене. Да си жива и здрава уште 100 години. Таква каква што си, најбоља сестра во свет. Те сакам до ќошот на свемирот и назад“ - напиша таа.
А. Ј. | Црнобело