Бредли Купер со бизарно признание: „Се шетам гол пред ќерка ми Леа (6) - и татко ми правеше така“
- Детали
- сабота, 16 март 2024
„Во мојата спална соба - кадата, тоалетот и креветот се во истата просторија. Нема врати“ – призна неодамна Бредли Купер и откри дека членовите во неговото семејство имаат навика да шетаат голи и дека не неговата 6-годишна ќерка не ѝ пречи да го гледа гол.
Холивудскиот актер Бредли Купер неодамна имаше бизарно признание кога откри дека воопшто не му пречи да се шета сосема гол пред ќеркичката Леа, затоа што и татко му го правел истото додека тој бил мал.
Бредли Купер (49) неодамна гостуваше во поткастот Armchair Expert каде призна дека членовите на неговото семејство постојано се шетале голи, а и тој го практикувал истото.
„Инаку, кај мене дома ситуацијата беше таква. Не со мајка ми, туку со татко ми. Тој постојано беше гол и секогаш се туширавме заедно“ – изјави тој и додаде дека заради тоа воопшто не му е проблем кога неговата ќерка Леа го гледа гол.
Тој појасни дека во неговиот дом каде што сега живее нема врати и дека воопшто не му пречи ако некој му ја нарушува приватноста.
„Во мојата спална соба, кадата, тоалетот и креветот се во истата просторија. Нема врати. Само се качуваш по скали и сè е на истиот кат“- појасни тој.
Како што вели, на ќерка му воопшто не ѝ пречи да го гледа гол, па и појасни дека тие разговараат додека тој е на тоалетна школка, а таа е во кадата.
Оваа бизарна изјава на Бредли предизвика интерес во јавноста, па New York Post консултира психолог дали воопшто е здраво да се има ваква навика во семејството.
Според доктор Венди Лејн, во првите години од животот на детето е добро родителите заедно да се тушираат со нив, но таа навика треба да престане околу 5 години.
„Тоа може да биде добар начин да им ги објасните различните делови на телото на децата, да им укажете на физичките разлики меѓу половите, да им појасните како се менуваат телата со растењето и да ги научите кои треба да им бидат личните граници.
На децата мора да им се укаже дека нивните тела се нивна сопственост“ – вели таа, но нагласува дека тоа треба да престане кога детето ќе го побара тоа, односно на возраст помеѓу 3 и 5 години.
Што мислите вие? Во ред ли е родителите да се шетаат сосема голи пред децата и да се тушираат заедно со нив?
Прочитајте и „Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа
Б. С. Б. | Црнобело