„Ги молев сите да му простуваат, на крај го оставив да пропадне“: Ким Кардашијан во солзи зборува за бракот со Канје
- Детали
- четврток, 01 јуни 2023
„Им се јавував на сите и ги молев да му дадат уште една шанса. Најтешко е да гледаш како некој што си го сакал и со кого имаш семејство, е всушност личност сосема поразлична од онаа што си ја знаел“, вели Ким Кардашијан во новата епизода од ријалити шоуто на нејзиното семејство.
Иако Ким Кардашијан неколкупати има изјавено дека нема да го „оцрнува“ Канје Вест во јавност за да ги заштити децата, сепак сега сподели неколку детали од пропаднатиот брак.
Во новата епизода на ријалити шоуто на Кардашијанс, Ким разговара со мајка ѝ Крис за проблемите со Канје.
Ким вели дека Канје си ја заслужил пропаста и дека веќе ѝ било „преку глава“ да го спасува од неволји. Па, затоа ѝ го оставила да пропадне по разводот.
„Не сакам да бидам дел од оваа ситуација и постојано се прашувам дали некогаш ќе заврши. Изгледа никогаш и ова ќе бидам заглавена со ова целиот живот“, вели Ким и додава дека повеќе не може да издржи.
Мајка ѝ, пак, пробува да ја утеши и ѝ вели дека не може да им помогне на сите.
Но, Ким истакнува дека целата ситуација со Канје има многу негативно влијание врз нивните четири деца.
„Секако дека има влијание врз нив. Чувствувам потреба да не зборувам за тоа за да ги заштитам децата и секогаш ќе стојам на тој став. Но, Боже, ако луѓето знаеја… Премногу е лудо“.
Таа вели и дека додека биле заедно, ги молела сите да му простат за недоличното однесување.
„Трчав наоколу и им се јавував на сите без Канје да знае и им велев: ’Ќе биде во ред, само дајте му уште една шанса‘. Минував часови и часови средувајќи го ’нередот‘ што го правеше.
Најтешко е да гледаш како некој што си го сакал и со кого имаш семејство, е всушност личност сосема поразлична од онаа што си ја знаел“.
Крис ѝ вели на Ким дека никој не би го издржал тоа, и нормално е што посакала развод. Истовремено, таа додава дека најстарата ќерка Норт веќе станува свесна за некои работи.
„Всушност, не знае многу работи, а поради тоа целата ситуација е уште полуда. Кога има нешто ново (за Канје), го контролирам целиот дом – нема гледање телевизија!
Не можам да ризикувам татко им да се појави на телевизија и тие да сакаат да гледаат. Уште немаат видено ништо, но постојано сум под стрес“, вели Ким.
Ким вели и дека неправедно е обвинувана за многу работи.
„Јас сум обвинувана за толку многу работи и тоа ме повредува. Но, можам да контролирам како ќе реагирам. Ако сум во лоша состојба, децата ќе го забележат тоа.
Мислам дека еден ден, моите деца ќе ми бидат благодарни што молчев“.
Спирова С. | Црнобело