Ќерката на Џони Деп си фати девојка, по врските со неколку дечковци – страсно ја бакнува пред сите (фото)
- Детали
- петок, 26 мај 2023
Веднаш по враќањето од Кан, Франција, ќерката на Џони Деп беше пречекана од нејзината девојка. По прегратката, двете девојки споделија и страстен бакнеж пред папараците. Тие се заедно неколку месеци, а до неодамна ја криеја врската.
Ќерката на Џони Деп – Лили Роуз Деп – веќе тргна по стапките на татко ѝ, но покрај улогата во нејзината нова контроверзна серија, младата актерка привлекува внимание и со љубовниот живот.
23-годишната Лили не зборува отворено за нејзината сексуалност и претходно имаше неколку дечковци, вклучувајќи некои од најголемите холивудски ѕвезди како Тимоти Шаламе и Остин Батлер.
Но, сега Лили е во врска со жена – раперка позната по уметничкото име 070 Shake.
Младата актерка до неодамна беше во Кан на престижниот филмски фестивал. По враќањето во САД, таа беше фотографирана со девојка ѝ, а двете не можеа да ја скријат радоста што повторно се заедно.
Најпрво Лили и раперката се прегрнаа, а потоа споделија страстен бакнеж пред папараците.
Првите гласини за нивната врска се појавија во јануари, а тие ја потврдија романсата дури неодамна.
Инаку, моментално Лили се соочува со многу критики поради улогата во мини-серијата The Idol.
Еден од креаторите на серијата е познатиот музичар The Weeknd.
Иако серијата доби петминутна овација на премиерата на Канскиот филмски фестивал, јавноста се чини има многу поразлично мислење.
Серијата изобилува со вознемирувачки, но и со секс-сцени, поради што некои велат дека е на граница на порно.
Поради голотијата, некои се шегуваат дека главната улога во серијата ја имаат градите на Лили Роуз.
Сепак, на прес коференција на фестивалот во Кан, младата актерка изјави дека голотијата е помагало преку кое се гледаат емоциите на нејзиниот лик.
Прочитајте повеќе: Се бори со анорексија, во лоши односи е со Амбер Херд – што знаеме за ќерката на Џони Деп?
Спирова С. | Црнобело