„Изгледате како татко и ќерка“ – Микеле Мороне од „365 days“ критикуван заради врската со 12 години помладата девојка
- Детали
- сабота, 27 мај 2023
Италијанскиот актер Микеле Мороне се прослави со улогата во филмот „365 days“, а по разводот со сопругата Руба Садех една година бил во депресија. Но, како што може да се види од најновите фотографии, актерот сега е среќно вљубен и има нова девојка. Која е жената што успеа да го освои заводникот?
Актерот Микеле Мороне (32) по разводот со сопругата Руба Садех со која има и два сина го поврзуваа со неколку убави жени.
Авторката на романот 365 days Бланка Липинска и Клои Кардашијан, беа меѓу жените со кои го доведуваа во врска, а во еден миг дури и некои медиуми тврдеа дека Микеле е хомосексуалец и е во врска со неговиот колега Симон Сусина.
Но, италијанскиот убавец одлучи кон крајот на 2022-ра година да им стави крај на шпекулациите, па ја покажа во јавност својата нова девојка Моара Сорио (20), со која за првпат беше забележан заедно на Божиќниот пазар во Цирих.
Тој објави видео на кое страсно се бакнува со својата 12 години помлада девојка.
Моара е „обична“ девојка која често споделува видеа со трикови за шминкање, а работи како службеник во една швајцарска компанија.
Таа е родена во Цирих, Швајцарија во 2002-ра година и е 12 години помлада од нејзиниот познат дечко.
Нејзиниот татко е бизнисмен, додека мајка ѝ работи како менаџер во една швајцарска компанија.
Моара завршила бизнис студии во Цирих, а потоа образованието го продолжила во Кембриџ, Велика Британија.
Моара и Микеле почнале да се гледаат во ноември 2022-ра година, но на почетокот ја криеле врската од јавноста. Според официјалните информации, освен што е образована, Моара зборува неколку јазици: холандски, англиски, француски и италијански.
Таа на Инстаграм има околу 245.000 следбеници, а дел од нив, велат дека таа е со актерот само за да си го зголеми бројот на следбеници и ѝ замеруваат затоа што е во врска со 12 години повозрасен маж.
„Нема да бидат долго заедно. Нема никаква врска со љубомората или нешто друго. Тој е возрасен човек кој наликува на маж, а таа личи на тинејџер.
Едноставно не изгледаат убаво еден до друг – туку личат на татко и ќерка“ – стои во еден од коментарите до нивната заедничка фотографија што таа ја објави на Инстаграм.
Инаку, дека Микеле и Моара не обрнуваат премногу внимание на туѓите коментари говорат и последните нивни заеднички фотки од Портофино, Италија.
Парот беше фотографиран како се шета низ италијанскиот град за рака, а Италијанецот изгледа среќно и вљубено.