Бебе Реџа за борбата со синдромот на полицистични јајчници: „Одеднаш се здебелив 13kg, луѓето ме критикуваат, а не знаат низ што поминувам“

„Се здебелив 13 килограми преку ноќ. Негативните коментари не ми влијаат позитивно и навистина е невкусно да коментирате за некој дека се здебелил, кога не знаете низ што поминува“ – Бебе Реџа откри дека вишокот килограми кај неа е последица на хормонално нарушување.

bebe-redja-za-borbata-so-sindromot-na-policistichni-jajchnici-odednash-se-zdebeliv-13kg-lugjeto-me-kritikuvaat-a-ne-znaat-niz-shto-pominuvam-01.jpg

Блета Реџа, во светот попозната како Бебе Реџа отворено проговори за големиот број негативни коментари што ги добила откако нагло се здебелила, што е последица на синдромот со којшто се соочува.

bebe-redja-za-borbata-so-sindromot-na-policistichni-jajchnici-odednash-se-zdebeliv-13kg-lugjeto-me-kritikuvaat-a-ne-znaat-niz-shto-pominuvam-02.jpg

Бебе Реџа гостуваше во една американска емисија и откри дека по дијагнозата дека има синдром на полицистични јајчници (PCOS) нагло се здебелила 13kg, што не поминало незабележано кај публиката, а пејачката се соочила со голем број негативни критики и коментари.

„Минатата година бев на лекар - и голем број жени всушност се соочуваат со оваа состојба, а не знаат – но ми беше дијагностициран синдром на полицистични јајчници“ – рече таа.

bebe-redja-za-borbata-so-sindromot-na-policistichni-jajchnici-odednash-se-zdebeliv-13kg-lugjeto-me-kritikuvaat-a-ne-znaat-niz-shto-pominuvam-03.jpg

Пејачката додаде дека ова хормонално нарушување е една од главните причини заради кое жените нагло се здебелуваат и имаат проблем со вишокот килограми.

„Буквално се здебелив за 13 килограми одеднаш, ако не и повеќе. Но, мора да останеме позитивни и да им покажеме љубов на луѓето“ – вели таа.

bebe-redja-za-borbata-so-sindromot-na-policistichni-jajchnici-odednash-se-zdebeliv-13kg-lugjeto-me-kritikuvaat-a-ne-znaat-niz-shto-pominuvam-07.jpg

Минатиот месец таа на својот ТикТок профил им одговори на сите оние што оставаат навредливи коментари за нејзиниот изглед, и нагласи дека луѓето не треба толку многу да се опседнуваат со тоа дали некој се здебелил;

„Бев многу послаба и повторно се здебелив – тоа е сосема нормално. Не се лутам, затоа што тоа е вистината, но кога ќе ги видиш негативните коментари, тоа влијае врз тебе. Не знаете низ што поминува некој, со што се соочува во неговиот живот и навистина е тешко. Но, сега сме 2023-та година... Не треба да зборуваме за тежината на луѓето“ – рече таа.

bebe-redja-za-borbata-so-sindromot-na-policistichni-jajchnici-odednash-se-zdebeliv-13kg-lugjeto-me-kritikuvaat-a-ne-znaat-niz-shto-pominuvam-04.jpg

Бебе Реџа и претходно зборувала за нејзината дијагноза со синдромот на полицистични јајчници, што во основа е хормонално нарушување кое предизвикува јајчниците да произведуваат абнормална количина на нивоа на андрогени хормони, кои се одговорни за растот и репродукцијата кај мажите и жените.

Андрогените хормони се сметаат за машки хормони, бидејќи во женското тело се произведуваат во многу мала количина, а синдромот го добил името заради акумулацијата на повеќе мали цисти во јајчниците.

bebe-redja-za-borbata-so-sindromot-na-policistichni-jajchnici-odednash-se-zdebeliv-13kg-lugjeto-me-kritikuvaat-a-ne-znaat-niz-shto-pominuvam-06.jpg

Како што нагласи и познатата пејачка ова е синдром со кој што се соочуваат голем број жени во светот.

„Дефинитивно се борам со сопствената тежина и со начинот на којшто изгледам. Неодамна дознав дека имам синдром на полицистични јајчници и многу жени го имаат.

Навистина е тешко. Дефинитивно се борев со сопствената тежина и се борев со храната засекогаш.

Се сеќавам дека кога ја почнував кариерата и кога го потпишав првиот договор за албум, првото нешто што ми го рекоа беше: ‘Дали си подготвена да се доведеш во совршена фигура?’ Затоа што мора да ослабеш 10kg за да изградиш кариера“ – рече таа.

bebe-redja-za-borbata-so-sindromot-na-policistichni-jajchnici-odednash-se-zdebeliv-13kg-lugjeto-me-kritikuvaat-a-ne-znaat-niz-shto-pominuvam-08.jpg

Реџа отворено зборувала и за проблемите со сопственото тело, па призна дека се чувствува засрамено од сопствениот изглед.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Џени Гарт за „борбата“ со менопаузата: „Телото ме издава, страдам физички и ментално“ На Кели од „Беверли Хилс“ на 45 години ѝ беше дијагностициран остеоартритис...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Славни жени кои отворено зборуваа за траумата од нивните спонтани абортуси Меган Маркл откри дека имала спонтан абортус додека го држела својот син Арчи, к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg