„Се чувствувам ужасно во своето тело“ - Бебе Реџа со солзи и искрена исповед како ретко која ѕвезда

„Се мерев себеси и не ми е комфорно да споделам колку килограми имам затоа што се чувствувам засрамено. И не е само тоа. Се чувствувам ужасно, знаете во своето тело“, вели пејачката и ги охрабрува девојките со несигурности дека не се сами.

se-chuvstvuvam-uzhasno-vo-svoeto-telo-bebe-redja-so-solzi-i-iskrena-ispoved-kako-retko-koja-dzvezda-01.jpg

Пејачката Бебе Реџа (32) на својот ТикТок профил објави искрена исповед пред своите следбеници околу тоа како се чувствува во врска со своето тело.

Таа ја започнува својата исповед со зборовите дека знае дека е празничен период и дека сите треба да се среќни, но дека таа самата не е.

Бебе Реџа откри дека има повеќе килограми од кога било.

„Се мерев себеси и не ми е комфорно да споделам колку килограми имам затоа што се чувствувам засрамено. И не е само тоа. Се чувствувам ужасно, знаете во своето тело.“

se-chuvstvuvam-uzhasno-vo-svoeto-telo-bebe-redja-so-solzi-i-iskrena-ispoved-kako-retko-koja-dzvezda-03.jpg

Таа објасни дека токму затоа во 2021 година објавувала толку малку фотографии од себе на социјалните мрежи.

„Не се чувствувам добро во својата кожа и кога не се чувствувам добро не сакам да објавувам. Тоа е искрената причина.“

se-chuvstvuvam-uzhasno-vo-svoeto-telo-bebe-redja-so-solzi-i-iskrena-ispoved-kako-retko-koja-dzvezda-02.jpg

Таа како ретко која јавна личност со солзи во очите говореше за тоа колку лошо се чувствува во врска со својот изглед и нејзиниот потег е за пофалба за и другите девојки кои се соочуваат со истото да знаат дека не се сами и дека треба да се зборува отворено и да се побара помош.

Емотивната исповед на Бебе Реџа:

@beberexha

Honest update.

♬ original sound - BebeRexha

Повеќе фотографии од неа:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Ким Кардашијан се жали дека децата ѝ се надвор од контрола: „Се заклучив во бањата, не можам веќе са... „Тропаат по врата, врескаат, плачат додека не добијат iPad, а јас не можам да из...
Бредли Купер со бизарно признание: „Се шетам гол пред ќерка ми Леа (6) - и татко ми правеше така“ „Во мојата спална соба, кадата, тоалетот и креветот се во истата просторија. Нем...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
Првата сопруга на Принц: Ја посвои на 16 години, на 19 ѝ ја одзеде невиноста, смртта на синот им го ... Кога првата сопруга на Принц имала 16 години, тој станал нејзин законски старате...
Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg