Џени Гарт за „борбата“ со менопаузата: „Телото ме издава, страдам физички и ментално“
- Детали
- вторник, 13 август 2024
На Кели од „Беверли Хилс“ на 45 години ѝ беше дијагностициран остеоартритис, а актерката призна дека влегува во менопауза, што ѝ влијае и на физичкото и на менталното здравје.
Џени Гарт (52), популарната Кели од серијата „Беверли Хилс 90210“, во една од последните објави на Инстаграм, отворено раскажа за предизвиците со кои се соочува поради менопаузата, но и со секојдневната „борба“ низ која минува, поради промените што ги има нејзиното тело.
Џени, на која ѝ беше дијагностициран остеоартритис на 45 години, поради болеста, мора постојано да вежба и да ги зацврстува мускулите и да ја одржува мобилноста на лигаментите и зглобовите.
Но, таа вели дека откако е во менопауза, ова ѝ паѓа сè потешко, а се чувствува како „секој ден на оди низ минско поле“.
Џени сподели видео од својата дневна фитнес рутина и побара и совети од жени кои минуваат (или веќе поминале), низ истото за да ѝ помогнат полесно да се справи со сè што ѝ се случува и со промените во телото.
„Ќе бидам искрена со вас, во последно време почнав да се мачам додека вежбам. Имам болки во телото, а да не спомнувам дека поради менопаузата се чувствувам како секој ден да одам низ минско поле, физички и ментално.
Имам чувство дека моето тело се бори против мене. Мислам дека ме издава, а јас како да заборавам дека и тоа трпи големи промени.
Се трудам најмногу што можам, ама понекогаш не ми оди. Имам болки, тешко доаѓам до здив, напливи на топло и ладно...
Помогнете ми, раскажете ми како се справивте вие со овој предизвик што ни го дава нашето тело. Секој совет ми е добредојден“, напиша таа, меѓу другото.
Актерката, која беше меѓу миленичките на Холивуд кон крајот на 1990-тите, сè поретко снима, а по улогата на Кели, не го постигна истиот успех со ниедна друга улога.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело