„Првпат бакнав девојка на 20 години“: Елиот Пејџ се отвори за периодот пред да сфати дека е трансродово лице

„Ја бакнав, во бар за хомосексуалци. Почнав да разбирам за што ги пишуваат поемите. Секоја жена што ја сакав не ме сакала. Но, бев овде, со жена која сакаше да ме бакне“, пишува Елиот Пејџ во неговите мемоари во кои зборува за својата транзиција, проблемите со менталното здравје и љубовниот живот, пред и откако сподели дека е трансродов маж.

prvpat-baknav-devojka-na-20-godini-eliot-pejdzh-otvoreno-za-periodot-pred-da-sfati-deka-e-transrodovo-lice-01.jpg

Откако изјави дека е трансродов маж и го промени името од Елен во Елиот Пејџ, познатиот актер отворено зборува за неговото искуство како дел од ЛГБТ заедницата.

Сега, 36-годишниот актер напиша и мемоари во кои зборува за својата транзиција, менталното здравје, врските, сексуалниот живот и, генерално, неговото искуство во Холивуд.

Книгата, насловена Pageboy, ќе биде издадена на почетокот од јуни, но магазинот People веќе сподели некои ексклузивни детали.

prvpat-baknav-devojka-na-20-godini-eliot-pejdzh-otvoreno-za-periodot-pred-da-sfati-deka-e-transrodovo-lice-03.jpg

Во првото поглавје, Елиот зборува за неговото прво излегување во бар за хомосексуалци, но и бакнежот со девојка кој променил сè.

Претходно Елиот изјави дека се чувствувал како момче уште од 9-годишна возраст, но поради стигмата поврзана со трансродовите лица, му требале многу години за да собере храброст и да го покаже своето вистинско лице.

Во книгата, актерот открива дека првпат отишол во бар за хомосексуалци во 2008 година, кратко пред премиерата на Juno – филмот што го направи светски познат.

prvpat-baknav-devojka-na-20-godini-eliot-pejdzh-otvoreno-za-periodot-pred-da-sfati-deka-e-transrodovo-lice-10.jpg

Тогаш актерот имал 20 години и овде сретнал девојка – Пола.

Елиот истакнува дека извесен период само гледале еден во друг и, на крај, тој ја прашал дали може да ја бакне. Ова бил неговиот прв бакнеж со девојка.

„И, ја бакнав. Во бар за хомосексуалци. Пред сите луѓе околу нас. Почнував да разбирам за што ги пишуваат поемите. Претходно сè беше студено, неподвижно, без емоции.

Секоја жена што ја сакав не ме сакала и, онаа која можеби ме сакаше, ме сакаше на погрешен начин. Но, бев овде, на подиумот, со жена која сакаше да ме бакне“, пишува актерот.

prvpat-baknav-devojka-na-20-godini-eliot-pejdzh-otvoreno-za-periodot-pred-da-sfati-deka-e-transrodovo-lice-07.jpg

Ова излегување му помогнало на актерот да почне да се прифаќа себеси.

Поради стигмата за трансродовите лица, Елиот чувствувал срам од кој не можел да се ослободи.

„Но, имаше радост во таа просторија, ме возвиши, ми предизвика неконтролирана насмевка“, пишува тој.

prvpat-baknav-devojka-na-20-godini-eliot-pejdzh-otvoreno-za-periodot-pred-da-sfati-deka-e-transrodovo-lice-06.jpg

Пред да го промени родот, во 2014-та, Елиот (тогаш Елен) изјави дека е хомосексуалец.

Потоа, две години беше во брак со танчарка од Канада, но се разведоа во 2021 година.

Последно, Елиот беше во врска комичарката Мае Мартин, но не е познато дали уште се заедно.

prvpat-baknav-devojka-na-20-godini-eliot-pejdzh-otvoreno-za-periodot-pred-da-sfati-deka-e-transrodovo-lice-05.jpg

Во врска со мемоарите, актерот изјави дека никогаш не мислел дека ќе успее да ги заврши. Сепак, сметал дека сега е вистинското време да ја сподели својата приказна со светот.

„Книгите, особено мемоарите, навистина ми го променија животот, ми понудија инспирација, утеха, сите тие работи.

Овој период не само на омраза, туку и дезинформации и лаги за животот на ЛГБТ луѓето, ми се чинеше како вистинско време да ја издадам книгата“.

prvpat-baknav-devojka-na-20-godini-eliot-pejdzh-otvoreno-za-periodot-pred-da-sfati-deka-e-transrodovo-lice-08.jpg

Актерот истакнува дека и за разлика од другите трансродови лица, тој дефинитивно е привилегиран.

„Моето искуство како трансродова личност и овој живот што го имам, привилегијата, не ја претставува реалноста на повеќето трансродови лица…

Реалноста е дека трансродовите лица се борат со невработеност, често се бездомници. Трансродовите жени со темна кожа се убивани. Луѓето го губат правото на медицинска нега или немаат пристап до неа“.

prvpat-baknav-devojka-na-20-godini-eliot-pejdzh-otvoreno-za-periodot-pred-da-sfati-deka-e-transrodovo-lice-09.jpg

На крај, актерот вели дека и покрај привилегијата, сепак и тој се соочил со многу тешки мигови, за кои ќе дознаеме повеќе во книгата.

„Некогаш се чувствувам како едвај да стигнав до овде. Но, сега сум благодарен што сум тука и што сум жив“.

prvpat-baknav-devojka-na-20-godini-eliot-pejdzh-otvoreno-za-periodot-pred-da-sfati-deka-e-transrodovo-lice-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg