„Сфатив дека никогаш нема да биде присутен на мојата свадба“: Ќерката на Брус Вилис емотивна за неговата болест

„Бев на свадба и таткото на невестата држеше говор. Одеднаш сфатив дека никогаш нема да го имам тој момент, татко ми да зборува за мене на мојата свадба. Беше ужасно. Станав од масата, излегов надвор и почнав да плачам“, емотивно откри ќерката на актерот Брус Вилис – Талула.

sfativ-deka-nikogash-nema-da-bide-prisuten-na-mojata-svadba-kjerkata-na-brus-vilis-emotivna-za-negovata-bolest01.jpg

По дијагнозата на Брус Вилис со афазија, неговото семејство пробува да остане позитивно и максимално да го искористи времето што го има со актерот, пред целосно да ги изгуби сеќавањето и способноста за говор.

Но, тие откриваат и со какви предизвици се соочуваат.

sfativ-deka-nikogash-nema-da-bide-prisuten-na-mojata-svadba-kjerkata-na-brus-vilis-emotivna-za-negovata-bolest-02.jpg

Последно, ќерката на актерот – Талула – во емотивен есеј за Vogue се отвори за нејзините чувства во врска со целата ситуација.

Имено, Талула одамна знаела дека нешто не е во ред со татко ѝ. Но, на почетокот мислела дека тој, едноставно, изгубил интерес за неа откако добил деца со втората сопруга.

sfativ-deka-nikogash-nema-da-bide-prisuten-na-mojata-svadba-kjerkata-na-brus-vilis-emotivna-za-negovata-bolest-04.jpg

Актерот навистина делувал незаинтересирано, но 29-годишната Талула не ни била свесна дека причината е болест.

„Неговата незаинтересираност стана поизразена и понекогаш тоа го сфаќав лично. Доби две деца со мојата маќеа, Ема Хеминг Вилис, и мислев дека изгуби интерес за мене.

Иако ова воопшто не било точно, мојот адолесцентски мозок се измачуваше со лоши мисли – не сум доволно убава за мајка ми, не сум доволно интересна за тато ми“, пишува Талула.

sfativ-deka-nikogash-nema-da-bide-prisuten-na-mojata-svadba-kjerkata-na-brus-vilis-emotivna-za-negovata-bolest-05.jpg

Јавноста дозна за болеста на Брус во 2022-ра, но ќерка му вели дека симптомите се појавиле многу порано.

Таа вели дека тој „страдал во тишина“, и тоа во период кога Талула се борела со анорексија.

„Додека јас се мачев со мојата телесна дисморфија, тато ми страдаше во тишина. Му беа направени секакви тестови, но не знаевме точна причина“.

sfativ-deka-nikogash-nema-da-bide-prisuten-na-mojata-svadba-kjerkata-na-brus-vilis-emotivna-za-negovata-bolest-06.jpg

Во летото 2021 година кога веќе било очигледно дека нешто не е во ред со Брус, Талула била на свадба. Таткото на невестата држел говор и таа почнала да плаче:

„Одеднаш сфатив дека никогаш нема да го имам тој момент, татко ми да зборува за мене на мојата свадба. Беше ужасно. Станав од масата, излегов надвор и почнав да плачам“.

sfativ-deka-nikogash-nema-da-bide-prisuten-na-mojata-svadba-kjerkata-na-brus-vilis-emotivna-za-negovata-bolest-03.jpg

Иако Талула уште не е помирена со болеста на тато ѝ, вели дека сега пробува максимално да го искористи секој миг:

„Се обидувам да го документирам секој миг, за кога нема да биде овде да се потсетам на него и на нас“.

sfativ-deka-nikogash-nema-da-bide-prisuten-na-mojata-svadba-kjerkata-na-brus-vilis-emotivna-za-negovata-bolest-07.jpg

Брус уште бил свесен која е Талула.

„Можеби секогаш ќе биде свесен која сум јас, освен во некои лоши денови…

Отсекогаш сум препознавала ситници од неговиот карактер во мене, и знам дека ќе бевме многу добри пријатели ако имавме повеќе време“.

sfativ-deka-nikogash-nema-da-bide-prisuten-na-mojata-svadba-kjerkata-na-brus-vilis-emotivna-za-negovata-bolest-08.jpg

Талула вели дека сега актерот најголем дел од времето минува во неговата канцеларија во куќата што ја дели со сопругата Ема и нивните две мали деца. Оваа просторија отсекогаш му била омилена и била исполнета со работи што ги сака.

Талула додава и дека е сигурна дека би ја избегнала анорексијата доколку татко ѝ беше здрав.

„Ако тој беше свесен што ми се случува, ќе ми речеше ’Ова завршува сега‘“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg