Зошто Кристијано Роналдо ги лакира ноктите на стапалата со црн лак?
- Детали
- недела, 28 мај 2023
Дали сте забележале дека на скоро секоја фотка на којашто фудбалерот е бос, се гледа дека ноктите на стапалата на Кристијано Роналдо се лакирани со црн лак? Иако за многумина изгледа ексцентрично, фудбалерот ги лакира ноктите од практични причини.
Кристијано Роналдо редовно споделува фотки од секојдневието, но со слична објава од април годинава малку ги збуни фановите.
Фотката што фудбалерот ја сподели на Инстаграм Стори навидум е најобична – тој носи костим за капење и седи во сауна.
Но, ако добро се загледате, ќе забележите дека ноктите на неговите стапала се лакирани со црн лак.
На социјалните мрежи се разви дискусија за лакираните нокти на Кристијано, па некои истакнаа дека ова не е единствена ваква фотка.
Имено, на Инстаграм објава од бодибилдерот Франсис Нгану, Кристијано повторно е со лакирани стапала.
Всушност, првите вакви фотки од фудбалерот се уште од 2010 година и, очекувано, беа тема на пишувања во бројни светски медиуми.
Изминативе неколку години правилата се менуваат и сè почесто гледаме познати мажи со лакирани нокти. Сепак, ова не е нешто што ни изгледа својствено за Кристијано.
Но, фудбалерот не ги лакира ноктите од естетски, туку од практични причини.
Имено, со лакот за нокти тој ги штити ноктите од пукање за време на неговите интензивни тренинзи. Истовремено, лакот може да служи и како заштита од габични инфекции кои не се така ретка појава кај спортисти.
Па, иако можеби нам лакираните нокти на Кристијано ни изгледаат ексцентрично, колку-толку се доказ за неговата посветеност кон спортот што го направи милионер.
Спирова С. | Црнобело