Клои Кардашијан за синот од сурогат мајка: „Се чувствував виновно затоа што друга жена го роди моето бебе“

„Целото искуство наликуваше на трансакција. Имав грижа на совест затоа што тешко се поврзав со синот“ – Клои Кардашијан отворено зборува за нејзиното искуство со сурогат мајчинството и вели дека не очекувала дека тоа толку многу ќе се разликува од искуството кога ја доби ќерката Тру.

kako-da-i-go-ukradov-bebeto-na-zhenata-kloi-kardashijan-iskrena-za-surogat-majchinstvoto-01.jpg

Иако сурогат мајчинството е мошне популарно кај славните и богатите, Клои Кардашијан (38) одлучи отворено да зборува за нејзиното искуство со второто дете, кое го доби со сурогат мајка.

Второто бебе таа го доби со бившиот партнер, кошаркарот Тристан Томпсон, среде скандалите со неверствата, но сега отворено говореше за тоа какво е чувството за една мајка кога не го носела сопственото бебе, туку најмила сурогат мајка.

kako-da-i-go-ukradov-bebeto-na-zhenata-kloi-kardashijan-iskrena-za-surogat-majchinstvoto-02.jpg

Во најновата епизода на нивното реално шоу, The Kardashians, Клои разговара со нејзината сестра Ким и со поранешниот партнер на сестра ѝ Кортни, Скот Дисик за искуството од раѓањето на синот Тејтум, кој го доби во јули минатата година, неколку месеци откако се дозна дека тој доби уште едно дете од аферата со Марали Николс.

Во епизодата Ким која доби две деца преку сурогат мајчинство, отворено разговара со својата сестра за целото искуство, а Клои признава дека работите не се толку идеални како што изгледаат на прв поглед.

„Како некој да си поигрува со мојот мозок. Навистина е чудно. Верувам дека постои разлика кога бебето е во твојот стомак и го чувствува твоето срце. Не постои друг на светот што може да те почувствува така одвнатре на тој начин“ – вели Ким и ја прашува сестра ѝ дали сега се чувствува помалку поврзано со нејзиниот син.

kako-da-i-go-ukradov-bebeto-na-zhenata-kloi-kardashijan-iskrena-za-surogat-majchinstvoto-03.jpg

Клои признава дека чувствува грижа на совеста затоа што многу тешко ѝ оди поврзувањето со синот.

„Дефинитивно ја закопав главата во песок за време на таа бременост и не бев свесна што се случува. Дури откако отидов во болница да го земам бебето, мислам дека дури тогаш регистрирав што навистина ми се случува“ – вели таа.

kako-da-i-go-ukradov-bebeto-na-zhenata-kloi-kardashijan-iskrena-za-surogat-majchinstvoto-04.jpg

Клои го опишува отворено целото искуство и вели дека не се чувствувала сигурно во мигот кога станала мајка по вторпат.

„Дефинитивно бев во шок од целото искуство. Се чувствував виновно затоа што жената го роди моето бебе, а потоа јас и бебето заминавме во другата соба и ги разделивме. Чувството наликуваше на обична трансакција“ – вели Клои.

kako-da-i-go-ukradov-bebeto-na-zhenata-kloi-kardashijan-iskrena-za-surogat-majchinstvoto-05.jpg

Таа напоменува дека би сакала повеќе да биде информирана за сурогат мајчинството пред да се одлучи на таков чекор.

kako-da-i-go-ukradov-bebeto-na-zhenata-kloi-kardashijan-iskrena-za-surogat-majchinstvoto-06.jpg

Инаку, Клои од врската со Тристан ја има и ќерката Тру (5), а откако во 2021-ва година ѝ соопштија дека следната бременост би можела да биде со висок ризик, таа и Тристан се одлучија второто дете да го добијат со сурогат мајка.

Прочитајте и „Ја изневери бремена, не се грижи за синот“ – Клои Кардашијан критикувана откако го пофали Тристан Томпсон дека е најдобар татко

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Познати личности кои добија дете со сурогат мајка Покрај Марија Шерифовиќ која доби син, кои други познати личности добија дете со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg