„Ја изневери бремена, не се грижи за синот“ – Клои Кардашијан критикувана откако го пофали Тристан Томпсон дека е најдобар татко
- Детали
- среда, 15 март 2023
„По сѐ што ти приреди, ти го фалиш дека е најдобар татко. Недостасува уште едно дете на фотографиите“ – коментираат дел од следбениците на Клои Кардашијан откако таа сподели фотографии од бившиот партнер Тристан Томпсон и го пофали дека е најдобар татко на свет.
Клои Кардашијан (38) со години има турбулентна врска со кошаркарот Тристан Томпсон (32), а деновиве наиде на критики откако по повод неговиот роденден објави негови фотографии со децата и напиша дека тој е најдобриот татко на светот.
Клои објави неколку фотографии на кои Тристан е со неговите деца, а за првпат објави фотографија на која се гледа и лицето на нивното бебе, што се роди од сурогат мајка во септември минатата година.
„Среќен роденден Тристан. Ти си навистина најдобриот татко, брат и тетин. Твојата љубов, внимание, смешни танцови, прегратки, возења во автомобил, ритуали пред спиење, тоа што секогаш си тука за нив.
Сето тоа им значи на твоите мали деца повеќе отколку што си свесен. За роденденот ти посакувам да продолжиш да трагаш за промената, заздравувањето и трансформацијата. Биди силен, биди љубезен, биди трпелив, биди слободен“ – напиша таа.
Освен што е познат по тоа што постојано изневерува, Тристан се најде на удар затоа што наводно воопшто не се грижи за синот Teo што го доби од аферата со Марали Николс, жената со која ја изневери Клои додека славел роденден пред 2 години.
По објавата следеше лавина негативни реакции заради што Клои мораше да ја исклучи опцијата за коментирање, но тоа не ги спречи нејзините следбеници да коментираат на останатите социјални мрежи.
„Како можеш да кажеш дека некој е најдобар татко ако не се грижи за сите негови деца?!?!... Едно од децата на Тристан не е на фотографијата“.
https://twitter.com/xMiss_Sharnax/status/1635393033838694400
„Тристан Томпсон вложува минимален напор како татко и Клои Кардашијан вели дека тој е најдобар татко на светот, по сѐ што мораше да помине заради него. Те молам, молчи!“
https://twitter.com/bluevelvetgurl/status/1635388590040715267
„Клои Кардашијан мораше да ги исклучи коментарите по објавата за нејзиниот Тристан Томпсон, со кого по третпат се смирува. Како може да биде прекрасен татко кога бебето на Марали не е фотографиите?“
https://twitter.com/pdiariesmag/status/1635436870522880006
„Јас кога ја читам објавата на Клои за Тристан – згрозена сум“.
Me reading khloe Kardashian birthday post to Tristan pic.twitter.com/WgXFvsb7ST
— Q.B 🍯 (@IamCue2) March 13, 2023
Инаку, по објавата на Клои, се огласи и жената со која Тристан имаше афера.
Таа на Инстаграм сподели фотографија на која се гледа како на градите го држи синот што го доби од врската со него. Според многумина, ова е директен одговор на објавата на Клои.
Прочитајте и Клои Кардашијан му се радува на новороденчето од сурогат мајка, а Тристан Томпсон си се шета со нова девојка (фото)
Б. С. Б. | Црнобело