Каква тијара ќе носи Меган Маркл на венчавката со принцот Хари?
- Детали
- вторник, 13 март 2018
Иако официјално нема потврдено никакви детали за тоа како Меган Маркл ќе изгледа на венчавката и што точно ќе носи, се очекува на себе да има светкава тијара.
Како кралска невеста, Меган ќе има шанса да одбере една од четирите тијари кои имаат најголемо значење во кралското семејство.
Опциите се следниве 4:
Тијарата со рози која била направена во 19-ти век ѝ била подарена на мајката на кралицата Елизабета како свадбен подарок.
Омилената тијара на принцезата Дијана, направена од над 100-карати овални дијаманти и бисери.
Тијарата со лотус цветови која исто така ѝ припаѓала на мајката на кралицата Елизабета, а била направена со скапоцените камчиња од ланче подарено од нејзиниот сопруг.
Ако Меган сака да биде традиционална невеста, ќе ја одбере тијарата која и кралицата Елизабета и принцезата Ана ја носеле на нивните венчавки.
Но, со оглед на оригиналноста која ја негува и сите правила кои досега ги има прекршено, не ја исклучуваме можноста Меган сама да ја дизајнира свадбената тијара.
А, зошто досега Меган не сме ја виделе со светкава тијара - прочитајте тука.
М. Д. | Црнобело