6 кралски правила кои принцот Хари и Меган Маркл веќе ги прекршија
- Детали
- среда, 29 ноември 2017
Меган Маркл после 16 месеци конечно стана член на британското кралско семејство и на првото заедничко интервју и фотосесија со принцот Хари, таа го покажа вереничкиот прстен со кој тој ја запросил.
Иако Меган се откажа од некои работи за да може да стане дел од нив, сепак парот е многу поразличен и нетрадиционален за разлика од останатите кралски парови.
Тие за време на нивната врска го прекршија протоколот неколкупати, но принцот Хари е познат по тоа уште пред да биде заедно со Меган.
Некои од овие работи веќе ви се добро познати, но прочитајте кои се 6-те правила на протоколот кои тие ги прекршија досега:
Таа зборуваше за нејзината љубов кон Хари во голем магазин
Нешто што е недозволено за членови на кралското семејство е токму потегот на Меган кога се појави на насловна страница на Vanity Fair и зборуваше за нејзината врска со Хари, пред да бидат верени.
Не е сосема забрането кралски член да се појави на насловна страница, со оглед на тоа што Кејт Мидлтон беше на британскиот Vogue, но да се отворат за приватниот живот пред нивниот однос да стане официјален е неприфатливо.
Меган и Хари не престануваат да се држат за раце
Како што веќе знаеме по принцот Вилијам и Кејт, држењето за раце и разменувањето нежности во јавност е нешто што се случува многу ретко во кралското семејство, но постои причина зошто за Меган и Хари ова правило не е толку строго.
Таа била претходно омажена
Меган претходно била во брак и е разведена од 2013-та и иако венчањето на кралските членови со некој кој е разведен не е табу тема во британското кралско семејство, сепак е невообичаено.
Таа не припаѓа на Англиската црква
Британското кралско семејство е толерантно за сите религии, но правилоо е да се биде дел од Црквата на Англија и според „People“, за да се задржи редот за наследување на престолот, тие не смеат да бидат Католици.
Сепак, ова нема да влијае на Меган, благодарение на промената на законот во 2013-та, кој им дозволува на оние кои се во редот за наследство на тронот да се венчаат со секој без разлика на религијата.
Таа носи целосно дијамантски прстен
Иако дијамантите не се нешто невообичаено кога станува збор за веренички прстени, сепак членовите на кралското семејство преферираат скапоцени камења.
Прстенот на принцезата Дијана (кој сега припаѓа на Кејт Мидлтон) е направен од сафир, исто како и оној на мајката на кралицата Елизабета и оној на принцезата Ана.
Таа е актерка и јавна личност
Како што веќе сите знаеме, таа е најпозната по нејзината улога во серијата Suits и не е член на благородно британско семејство како што е Кејт Мидлтон. Таа е сосема нормална жена, со самото тоа ги прекршува кралските правила.
М. М. | Црнобело