Од локација до стајлинг: 5 разлики помеѓу двете кралски свршувачки

Свршувачката на принцот Хари и Меган Маркл зрачеше со искрени емоции и беше во понеформален стил во многу аспекти.

od-lokacija-do-stajling-5-razliki-pomegju-dvete-kralski-svrshuvachki-01.jpg

Свршувачката на принцот Вилијам со Кејт Мидлтон беше сосема поинаква од свршувачката на принцот Хари со актерката Меган Маркл.

Од возраст, па до локација двајцата браќа многу работи направија поинаку:

Локација

Вилијам и Кејт избраа протоколот да се одржи внатре во големата соба на палатата Сент Џејмс, а Хари и Меган се одлучија за малку полежерна варијанта и ја избраа градината на Кенсингтонската палата, која сега четирите кралски семејства ја нарекуваат дом.

И покрај лошото време парот ја одржа фотосесијата надвор, која даде многу помало чувство на формалност, отколку величествената сала во која ги видовме Кејт и Вилијам на свршувачката.

od-lokacija-do-stajling-5-razliki-pomegju-dvete-kralski-svrshuvachki-02.jpg

Стајлинг

Најверојатно поради локацијата и стајлингот на Меган беше покежуал од оној на Кејт, која на свршувачката носеше свилен, син фустан.

Маркл пак избра едноставен бел капут и изгледаше многу порелаксирано. Одоздола носеше зелен фустан во комбинација со крем чевли.

od-lokacija-do-stajling-5-razliki-pomegju-dvete-kralski-svrshuvachki-03.jpg

Прстен

Двата свршенички прстени се апсолутно прекрасни, но тие се сосема различни. Принцот Вилијам на Кејт и го даде прстенот што го носела неговата почината мајка, принцезата Дијана. Тој има 14 дијаманти кои обиколуваат еден голем сафир вметнат во бело злато.

Прстенот на Меган исто така содржи камења од колекцијата накит на Дијана, но е дизајниран лично од Хари. Тој има два дијаманта, кои и припаѓале на Дијана, и еден дијамант од Боцвана, земјата која има специјално место во срцата на парот.

od-lokacija-do-stajling-5-razliki-pomegju-dvete-kralski-svrshuvachki-04.jpg

Години и искуство

Кога се случуваше свршувачката на Кејт и Вилијам, за Кејт беше првата пригода кога како идна принцеза требаше да позира пред стотици камери. За Меган, позната американска актерка која долго е пред будното око на јавноста, ова беше многу полесна задача.

Плус, Меган (36) и Хари (33) се постари, отколку Вилијам и Кејт, кои се свршија кога имаат 28 години. Можеби токму затоа Мерган и Хари изгледаа многу посамоуверено и поопуштено пред камерите.

od-lokacija-do-stajling-5-razliki-pomegju-dvete-kralski-svrshuvachki-05.jpg

Атмосфера

Поради голем број причини, протоколот на Хари и Меган изгледаше многу порелаксирано.

Се разбира, за ова придонесува и фактот што за разлика од Вилијам, Хари не е прв во редот за тронот, па имаше поголема слобода во организацијата, дури имаше и опција да се откаже од јавна свадба. Тоа, како и искуството на Меган со камерите, локацијата на отворено како и зрелоста на двојката направија целиот настан да изгледа многу поопуштено.

Па, едвај чекаме да видиме дали и свадбата ќе мине во овој стил!

od-lokacija-do-stajling-5-razliki-pomegju-dvete-kralski-svrshuvachki-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg