Зошто Принцот Хари и Меган Маркл се држат за раце во јавност, а Вилијам и Кејт не?
- Детали
- петок, 06 октомври 2017
Неодамна Принцот Хари и неговата девојка Меган Маркл, за првпат се појавија заедно во јавност.
Тие присуствуваа на тениски меч, а на трибините разменија нежности и се држеа за раце. Неколку дена беа преокупација на медиумите и нивниот чекор постојано се следеше.
Двајцата изгледаат прекрасно и заљубено, но како и за сѐ друго, така и за ова мора да признаеме дека има разлика помеѓу него и неговиот брат, Принцот Вилијам.
Принцот Вилијам е веќе 6 години во брак со Кејт Мидлтон и не може да не забележиме дека тие во јавност никогаш не покажале толку голема блискост и не разменувале нежности.
Зошто постои оваа разлика и слободата на Принцот Хари е поголема?
Професионалците велат дека освен моментот и ситуацијата во која парот ќе се затекне, многу голема улога игра и редот за наследството на круната.
Принцот Вилијам е втор по ред за титулата после неговиот татко, Принцот Чарлс, кој ќе ја наследи Кралицата Елизабела II.
Од друга страна пак, Принцот Хари не е на толку добра позиција и со раѓањето на Принцот Џорџ, синот на Вилијам, тој е дури на 6-тото место во редот за наследство на круната.
Токму затоа, на младиот принц му е дозволено послободно однесување во јавност со неговата девојка, како и за многу други работи.
За разлика од Принцот Хари и Меган Маркл, Принцот Вилијам и Кејт многу почесто мораат да се појавуваат во јавност, но од службени причини, бидејќи сепак тие се претставници на народот.
Затоа и имаат поофицијален однос кој е складен со титулата која еден ден ќе ја добие Принцот Вилијам.
Останува да видиме каков ќе биде односот на Принцот Хари и Меган ако еден ден стапат во брак и таа стане службено член на кралското семејство.
М. М. | Црнобело