Принцот Хари и Меган Маркл се официјално верени
- Детали
- понеделник, 27 ноември 2017
По гласините кои долго време кружеа за принцот Хари и неговата девојка, Меган Маркл, денес објавија официјално соопштение дека тие се верени.
Кралицата Елизабета конечно дала одобрување за овој пар, една недела по прославувањето на 70-годишнината од нејзиниот брак, а Хари исто така добил дозвола од родителите на Меган, која официјално стана дел од британското кралско семејство.
Во официјалното соопштение од Clarence House стои:
„Неговото височество принцот од Велс, со задоволство ја соопшти веста за свршувачката на принцот Хари и Меган Маркл.
Свадбата ќе се одржи во пролет, 2018-та. Понатамошни детали за свадбата ќе бидат објавени во догледно време.
Неговото височество и Меган Маркл се верија во Лондон на почетокот на овој месец.
Принцот Хари ја информираше кралицата и блиските членови на семејството. Принцот Хари исто така доби благослов од родителите на Меган.
Парот ќе живее во Nottingham Cottage во Кенсингтонската палата.“
The Prince of Wales is delighted to announce the engagement of Prince Harry to Ms. Meghan Markle. pic.twitter.com/zdaHR4mcY6
— Clarence House (@ClarenceHouse) November 27, 2017
Принцот Хари и Меган Маркл се верува дека се запознале преку заеднички пријател и се заедно речиси 16 месеци.
На почетокот се обидуваа да ја одржат врската во тајност што е можно подолго, додека првпат не беа забележани заедно во ноември, 2016-та.
Првиот јавен бакнеж тие го споделија во мај, 2017-та, а првото официјално јавно појавување како пар беше во септември, 2017 на тениски меч.
Според неофицијални информации од претходно, Меган веројатно ќе ја носи титулата „Војвотката од Сасекс“, а можеби ќе треба и да го промени името по кое сите ја знаат, најмногу од улогата во серијата „Suits“.
М. М. | Црнобело