Каква титула ќе добие Меган Маркл, ако стапи во брак со принцот Хари?
- Детали
- вторник, 04 април 2017
Меган Маркл и принцот Хари можеби се во врска само околу една година, ама со очекувањето да почнат да живеат заедно, нејзините фанови веќе почнаа да претпоставуваат дека двајцата и ќе стапат во брак.
Но, дали тоа ќе ја направи Маркл принцеза?
35-годишната актерка, според кралскиот експерт Имоген Лојд Вебер, ќе биде принцеза исто како што сите Кејт Мидлтон ја нарекуваме принцеза, но официјално не ја носи таа титула.
Иако и принцезата Дијана ја нарекувавме „принцеза“ таа всушност никогаш не ја имаше таа титула официјално.
Ако принцот Вилијам, еден ден стане крал, пример, војвотката Кејт ќе ја носи титулата „Нејзиното кралско височество принцезата од Велс“, но титулата не ја прави принцеза.
Така и Маркл, ако стапи во брак со принцот Хари, ќе ја има титулата „Нејзиното кралско височество принцезата Хенри од Велс“ и плус уште некоја титула зависно од тоа каква титула ќе добие нејзиниот сопруг после стапувањето во брак.
Кога принцот Вилијам и Кејт Мидлтон стапија во брак во 2011-та година, тој ја доби титулата „Војводата од Кембриџ“, па така Кејт стана „Војвотката од Кембриџ“.
Некои шпекулираат дека Хари ќе ја добие титулата „Војводата од Сасекс“.
Според историчарката Марлин Коинг која специјализира истражување на кралската линија вели дека Маркл ќе ја носи титулата „Војвотката од Сасекс“.
Н. Г. | Црнобело