Меган Фокс првпат искрена за пластичните операции: „Трипати ги зголемив градите, сакам и поголем задник“
- Детали
- среда, 20 март 2024
„Првата операција ја направив на 21 или 22 години. Повторно направив операција кога престанав со доење. Потоа направив уште една бидејќи бев многу слаба и ми се познаваа имплантите“, Меган Фокс конечно призна дека правела корекции.
Промената во изгледот на Меган Фокс е повеќе од очигледна, но 37-годишната актерка никогаш немаше признаено дека направила пластична операција.
Сè досега.
Гласините за процедурите што ги правела си постојат со години, но дополнително се разгореа по Super Bowl, бидејќи на фотките изгледа многу поразлично, дури и многу постаро.
Сега, Меган реши да стави крај на шпекулациите и отворено кажа какви процедури направила, но и што планира да прави во иднина.
Меган изјави дека на лицето има ставено филер и ботокс, но нема направено фејслифтинг.
„Никогаш немам направено фејслифинг, ниту корекции на веѓите, но би сакала. Во искушение сум целосно да си ги затегнам веѓите нагоре. Многу го сакам тој изглед“.
Сепак, актерката вели дека не отстранувала масни наслаги од ниту еден дел од телото.
„Јас сум многу слаба личност и никогаш нема да отстранувам масни наслаги. Што значи, никогаш не би правела липосукција или нешто слично“.
Иако ова беше очигледно, Меган првпат призна дека ги зголемила градите.
„Моите гради се зголемувани уште откога имав 21 или 22 години. Направив операција помеѓу првиот и вториот Transformers филм. Но, се криев.
Бидеќи, тогаш сите ги зголемуваа градите, но требаше да не се познава. Отсекогаш сакав големи гради. Па, не бев среќна со природните.
Повторно направив операција откако престанав со доење бидејќи градите ми се смалија. Потоа требаше да правам уште една операција бидејќи немав доволно масни наслаги – се гледаа имплантите“.
Изненадувачки, Меган вели дека мрази операции.
„Не сакам операции бидејќи телото не ми реагира добро на анестезија. Анестезијата може да биде ризична.
Па, кога првпат ги зголемував градите, му реков на докторот: ’Ако ме заспиеш, ќе ми биде лошо два месеца од анестезијата. Па, подобро да се разбудам со најголемите гради што ги собира во моето тело'.
И, тоа и го направија“.
Меган вели дека доколку можела, би ги направила градите уште поголеми.
Таа открива и дека сака да го зголеми задникот, но верува дека тоа не е возможно бидејќи е многу слаба.
Размислувала и за бразилски лифтинг на задникот, но сфатила дека операцијата е премногу ризична.
Спирова С. | Црнобело