Хари беше претставен како зависник и нацист, а Вилијам беше златниот принц – Што ѝ претходеше на кавгата на браќата?

Иако многумина ја обвинуваат Меган Маркл за раздорот меѓу Вилијам и Хари, вистината е дека нивните односи биле влошени многу години пред тоа. По скандалите со марихуана и нацистичките амблеми, Хари загубил доверба во брат му, кој наводно бил „мозокот“ зад сите скандали.

hari-beshe-pretstaven-kako-zavisnik-i-nacist-a-vilijam-beshe-zlatniot-princ-shto-i-prethodeshe-na-kavgata-na-brakjata-01.jpg

По објавата за здравствените проблеми на Кејт Мидлтон и кралот Чарлс, многумина очекуваа дека може да дојде до помирување на двајцата браќа во кралското семејство, Вилијам и Хари, но според познатите кралски биографи тоа нема шанси да се случи. Зошто?

hari-beshe-pretstaven-kako-zavisnik-i-nacist-a-vilijam-beshe-zlatniot-princ-shto-i-prethodeshe-na-kavgata-na-brakjata-02.jpg

Според кралскиот биограф Роберт Лејси, односите меѓу двата принца почнале да се влошуваат уште во 2002-ра година, кога Хари имал само 17 години, a Вилијам 19.

hari-beshe-pretstaven-kako-zavisnik-i-nacist-a-vilijam-beshe-zlatniot-princ-shto-i-prethodeshe-na-kavgata-na-brakjata-03.jpg

Во тој период Хари беше топ тема во сите светски таблоиди заради неговата желба да консумира канабис.

Речиси секаде беше објавена фотката на која Хари е на рагби натпревар заедно со неговиот другар Гај Пели, момчето што наводно го навело принцот да консумира опојни супстанци.

hari-beshe-pretstaven-kako-zavisnik-i-nacist-a-vilijam-beshe-zlatniot-princ-shto-i-prethodeshe-na-kavgata-na-brakjata-07.jpg

Во истиот период во медиумите се појавија и пишувања дека Хари бил вклучен во полициска истрага откако бил фатен како пие алкохол во паб, по завршувањето на работното време.

Наводно тој и двајца повозрасни момчиња играле билјард во пабот и биле замолени да го напуштат објектот кога станало доцна, но Хари не прифатил.

hari-beshe-pretstaven-kako-zavisnik-i-nacist-a-vilijam-beshe-zlatniot-princ-shto-i-prethodeshe-na-kavgata-na-brakjata-08.jpg

Во истиот период имаше пишувања и дека Хари ќе биде пратен на рехабилитација од страна на татко му, а дека тој почнал да консумира алкохол уште на 11 години, кога родителите го оставиле сам со пријатели на јахта на грчките острови.

Хари раскажува за овој период од неговиот живот во својата биографија The Spare и вели дека тие насловни страници биле дело на познат публицист, кој сакал да го смени имиџот на принцот Чарлс и од неверен сопруг да го претвори во загрижен и очаен татко, кој сам се грижи за сопствените синови.

hari-beshe-pretstaven-kako-zavisnik-i-nacist-a-vilijam-beshe-zlatniot-princ-shto-i-prethodeshe-na-kavgata-na-brakjata-09.jpg

Според кралскиот биограф Роберт Лејси, во овој период помладиот принц сфатил дека треба да биде жртвено јагне за брат му и воопшто не му се допаѓала таа улога.

„Хари се чувствуваше отфрлено. Пријателите се сеќаваат дека браќата не зборувале и биле во лоши односи, а за време на скандалот со дрога, Хари сфати дека неговата улога е да игра жртвено јагне.

Во пабот, кога Хари бил уапсен, тој и неговиот другар Гај Пели ја преземаа целата вина, но вистината е дека водич на дружината бил Вилијам.

hari-beshe-pretstaven-kako-zavisnik-i-nacist-a-vilijam-beshe-zlatniot-princ-shto-i-prethodeshe-na-kavgata-na-brakjata-06_copy.jpg

„Функцијата на постариот брат беше да биде совршен, без разлика дали е таков или не, а функцијата на помладиот брат беше да ги засмева другите, да нѐ натера да го осудуваме или да не го одобруваме неговото однесување – и сите тие настани нѐ натераа да се чувствуваме супериорни над кутрото дете“ – пишува авторот.

hari-beshe-pretstaven-kako-zavisnik-i-nacist-a-vilijam-beshe-zlatniot-princ-shto-i-prethodeshe-na-kavgata-na-brakjata-10.jpg

Сличен инцидент се случи и во 2005-та година кога Хари се појави на забава маскиран во костим со нацистички обележја. По ова принцот мораше да се извини јавно, а гласините беа дека татко му го натерал да оди во посета на логорот Аушвиц.

hari-beshe-pretstaven-kako-zavisnik-i-nacist-a-vilijam-beshe-zlatniot-princ-shto-i-prethodeshe-na-kavgata-na-brakjata-12.jpg

Во својата книга The Spare, Хари пак, тврди дека идејата за костимот не била негова, туку дека била на Вилијам и на Кејт.

hari-beshe-pretstaven-kako-zavisnik-i-nacist-a-vilijam-beshe-zlatniot-princ-shto-i-prethodeshe-na-kavgata-na-brakjata-05.jpg

Како и да е, Хари беше тој што се најде на насловните страници на сите таблоиди и повторно беше „црната овца“ во семејството, додека Вилијам остана без дамка, а јасно е дека денешниот раздор е само плод на долгогодишно несогласување.

hari-beshe-pretstaven-kako-zavisnik-i-nacist-a-vilijam-beshe-zlatniot-princ-shto-i-prethodeshe-na-kavgata-na-brakjata-13.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg