Го заведе братот, па ѝ ја украде првата љубов – Зошто кралицата Камила е во лоши односи со сестрата на Чарлс?
- Детали
- недела, 07 мај 2023
Додека Чарлс бил во врска со Камила, сестра му Ана била со Ендру Паркер Боулс, нејзиниот прв сопруг. И по неколку децении таа не може да ѝ прости на Камила затоа што и ја украла првата љубов и наводно ова е една од причините зошто тие не се во добри односи. Малкумина знаат дека првиот сопруг на Камила претходно бил во врска со сестрата на Чарлс.
Сестрата на британскиот крал Чарлс (74), принцезата Ана (72) денес важи за една од највредните и најпосветените членови на британското кралско семејство, но во младоста била мошне проблематична девојка која имала турбулентен љубовен живот.
Се смета дека сопругата на британскиот крал Чарлс, Камила (75) е во лоши односи со неговата сестра, принцезата Ана.
Според некои биографи, причината е заради тоа што Камила не можела да го поднесе цврстиот карактер и ладниот однос на Ана, па биле потребни неколку години откако Чарлс стапил во брак со Камила, неговата сестра да ја прифати снаата.
Според други извори, пак, причините за нарушениот однос меѓу Камила и Ана се многу подлабоки и датираат уште во периодот кога тие две биле бунтовни тинејџерки.
Во младоста принцезата Ана имала кратки врски со неколку момчиња, но најголемата љубов ja доживеала со момче што ѝ било забрането, затоа што бил католик. Според тврдењата, во времето кога Чарлс и Камила за првпат се запознале, принцезата Ана била во врска со Ендру Паркер - Боулс - човекот што подоцна ќе стапи во брак со Камила.
Според некои биографи на кралското семејство, Ана и Ендру се запознале уште во 1970-тата година, а принцезата била премногу вљубена во него, но нивната љубов била осудена на пропаст затоа што заради религијата тој не можел да биде кандидат за брак со младата принцеза (чиешто семејство се протестанти).
Ана морала да ја прекине врската со Ендру, а во 1973-та година, тој се оженил со девојката, која само неколку години пред тоа го завела и нејзиниот брат Чарлс – Камила. Наводно, уште во овој период принцезата Ана добила мошне лошо мислење за Камила и тоа останало непроменето низ текот на годините.
Истата 1973-та година Ана стапила во брак со Марк Филипс, а со години се шпекулирало дека таа има афера со сопругот на Камила, Ендру Паркер-Боулс. Ваквите тврдења биле поткрепени со фактот што принцезата додека била во брак со првиот сопруг, била блиска пријателка со Ендру, па тој дури бил и кум на нејзината ќерка Зара (иако немала високо мислење за неговата сопруга).
Во 1992-ра година, сопругот на Ана, Марк ќе побара развод, откако во медиумите била објавена аферата на принцезата Ана со кралскиот стражар Тимоти Лоренс. Наводно, не заради Ендру, туку заради него, Марк одлучил да се разведе од неа.
Истата година Ана стапила во брак со Тимоти, со кого е заедно и до ден-денес. Тој никогаш не добил кралска титула, но станал мошне близок со кралицата, а сите коментираат дека откако стапила во брак со него, принцезата Ана станала вистински среќна.
Без разлика на турбулентните промени во животот, Ана долго време не можела да ѝ прости на Камила, а наводно сестрата на Чарлс била една од главните противници на тоа Камила да добие титула – кралица.
Б. С. Б. | Црнобело