Лила почести мекици во Скопје ЗОО - женката пингвин што го носи нејзиното име стана мајка
- Детали
- вторник, 04 февруари 2025
„Џонатан и Лила станаа родители на 2 мали пингвинчиња - Лила своето име го има добиено по нашата позната водителка, па затоа таа денес дојде во Скопје ЗОО и ги почести вработените и посетителите на традиционалниот македонски начин, со мекици“, велат за CRNOBELO.com од Зоолошката.
Нашата водителка и инфлуенсерка, Лила Филиповска, денес донесе мекици во Скопје ЗОО, откако женката пингвин Лила (која е крстена според водителката), стана мајка.
Пингвинката Лила неодамна стана мајка на две мали пингвинчиња, кои ги добија имињата Петко и Пабло.
„Џонатан и Лила се родители на две мали пингвинчиња, а Лила своето име го има добиено по нашата позната водителка.
Токму затоа денес Лила дојде во Скопје ЗОО и ги почести вработените и посетителите на традиционалниот македонски начин, со мекици“, велат за CRNOBELO.com од Зоолошката.
Оттаму открија и дека кум на малите пингвинчиња е негувателот Војо Иванов.
Погледнете повеќе фотографии:
А. Ј. | Црнобело