Сестрата и мајката на Мараја Кери починале во ист ден: „Срцето ми се крши за оваа трагедија“

Изминатиот викенд, починале мајката и сестрата на Мараја Кери, а тажните вести ги потврди самата пејачка. Низ годините, таа речиси и да не контактираше со сестра ѝ, која беше зависничка и се обидела да ја продаде Мараја на макро, но успеала да го подобри односот со мајка ѝ.

sestrata-i-majkata-na-maraja-keri-pochinale-vo-ist-den-srceto-mi-se-krshi-za-ovaa-tragedija-01.jpg

Во потресна изјава за магазинот People, Мараја Кери откри дека изминатиот викенд починале мајка ѝ и сестра ѝ, и тоа во ист ден.

„Срцето ми е скршено за загубата на мајка ми изминатиов викенд. Тажно, во трагичен сплет на околности, сестра ми го изгуби животот истиот ден.

Се чувствувам благословено што имав можност да ја поминам минатата недела со мајка ми пред да почине.

Ги ценам љубовта и поддршка од сите, како и почитувањето на мојата приватност во овој период“, гласи изјавата на 55-годишната пејачка.

sestrata-i-majkata-na-maraja-keri-pochinale-vo-ist-den-srceto-mi-se-krshi-za-ovaa-tragedija-07.jpg

Засега не е позната причината за смртта на мајка ѝ Патриција и сестра ѝ Алисон.

Фановите на Мараја добро знаат за нејзиниот влошен однос со Патриција и Алисон.

Всушност, Мараја скоро и да не контактираше со сестра ѝ повеќе од три децении, најмногу бидејќи Алисон беше зависничка.

sestrata-i-majkata-na-maraja-keri-pochinale-vo-ist-den-srceto-mi-se-krshi-za-ovaa-tragedija-6.jpg

А, според пејачката, во детството, сестра ѝ Алисон ја терала да користи дрога, па дури и пробала да „ја продаде на макро“.

„Кога имав 12 години, сестра ми ме издрогира со валиум (дијазепам), ми понуди кокаин, ми нанесе изгореници од трет степен и проба да ме продаде на макро“, откри пејачката во нејзините мемоари од 2020 година.

sestrata-i-majkata-na-maraja-keri-pochinale-vo-ist-den-srceto-mi-se-krshi-za-ovaa-tragedija-09.jpg

Низ годините, сестра ѝ Алисон била и бездомничка, а била и ХИВ позитивна.

Во 2016 година, Алисон даде изјава за Daily Mail преку која побара помош од нејзината славна сестра.

Имено, Алисон била нападната во нејзиниот дом, по што се здобила со оштетување на мозокот и поради терапијата, останала без пари.

„Мараја, те сакам и очајно ми треба твојата помош“, гласеше нејзината изјава за британскиот медиум.

sestrata-i-majkata-na-maraja-keri-pochinale-vo-ist-den-srceto-mi-se-krshi-za-ovaa-tragedija-08.jpg

Мараја има и брат, кој исто така бил насилен кон неа.

По издавањето на мемоарите, гостуваше во шоуто на Опра Винфри, каде што зборуваше за односот со брат ѝ и сестра ѝ.

„Денес не се знаеме многу добро. Не пораснавме заедно, иако живеевме во иста куќа.

Додека да се родам јас, тие веќе беа ’оштетени‘ личности. Кога јас дојдов на свет, се чувствував како аутсајдер во моето семејство.

Моите брат и сестра пораснаа со црн татко и бела мајка, додека јас најголем дел од времето поминав со мајка ми.

И тие (брат ми и сестра ми) мислеа дека мојот живот е полесен бидејќи мајка ми е бела, што не беше точно“.

sestrata-i-majkata-na-maraja-keri-pochinale-vo-ist-den-srceto-mi-se-krshi-za-ovaa-tragedija-04.jpg

Пејачката истакна и дека брат ѝ и сестра ѝ постојано барале начин брзо да заработат пари, доста често преку измами.

И односот со мајка ѝ не бил најдобар – таа ја форсирала, но покажувала и љубомора кон нејзиниот успех.

„Како многу делови од мојот живот, и односот со мајка ми беше исполнет со контрадикции и натпреварување.

Нашиот однос никогаш не бил црно-бел, туку беше како виножито“.

sestrata-i-majkata-na-maraja-keri-pochinale-vo-ist-den-srceto-mi-se-krshi-za-ovaa-tragedija-05.jpg

Со издавањето на мемоарите, Мараја изјави дека сепак ѝ простила на мајка си, па дури ѝ ја посвети книгата на неа.

„Книгата ја посветувам и на мојата Пат, мојата мајка која и покрај сè, верувам дека го даде најдоброто од себе. Секогаш ќе те сакам“, стои во посветата.

sestrata-i-majkata-na-maraja-keri-pochinale-vo-ist-den-srceto-mi-se-krshi-za-ovaa-tragedija-10.jpg

Мараја изјави и дека им простува и на брат ѝ и сестра ѝ.

„Беа сурови со мене поголемиот дел од мојот живот… Но, имам прошка во моето срце, па ќе им простам.

Сепак, не пробувам да ги поканам во мојот живот. Мислам дека тие се уништени личности и ги сожалувам“.

Прочитајте повеќе: Мараја Кери за деството со сестрата што ја дрогирала и за насилниот брат: „Ми ги уништуваа празниците“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Сопругот на Серена Вилијамс емотивен по операцијата за рак на тироида: „Мажи, одете на преглед, особ... „Мајка ми имаше рак на дојка кога беше на моја возраст, а потоа почина од рак на...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg