Мараја Кери за деството со сестрата што ја дрогирала и за насилниот брат: „Ми ги уништуваа празниците“
- Детали
- понеделник, 20 декември 2021
„Велев дека кога ќе пораснам нема да дозволам Божиќ да биде таков“ – Мараја Кири се присетува на детството со нејзиното семејство. Таа во минатото говореше за животот со отсутна мајка, насилен брат и сестра што се обидувала да ја дрогира и да ја продаде на макро.
Мараја Кери (52) денес има богатство од 320 милиони долари, а секој Божиќ на публиката ѝ подарува по една нова божиќна песна.
Но, додека растела, како што вели, иако сакала празниците да бидат совршени, нејзиното дисфункционално семејство ги уништувало миговите.
Пејачката која е мајка на близнаците Мороко и Монро (10) и е во врска со кореографот Брајан Танака од 2016-та година во интервју за Mirror говореше за тоа како сега ги слави празниците, но и за сопствените спомени со семејството.
Пејачката која во минатото говореше за нејзиното тешко детство и за нарушените односи со нејзините брат и сестра и овојпат накратко прокоментира за тоа како изгледал Божиќ во нејзиното семејство:
„Секогаш сакав Божиќ да биде совршен и секогаш се радував, но моето семејство беше мошне дисфункционално и ги уништуваше празниците. Не мајка ми.
Таа ќе се обидеше да направи да биде забавно. Но, немавме многу пари, па понекогаш таа знаеше да спакува овошје под елката, затоа што само тоа можеше да си го дозволи.
Јас велев: ’Кога ќе пораснам нема да дозволам никогаш тоа да се случи, ќе го направам Божиќ совршен, секоја година‘“ – вели таа.
Мараја Кери била родена во Њујорк во семејството на Алфред Рој Кери и Патриција, кои се развеле, кога Мараја имала само три години.
Таа вели дека со мајка ѝ односите им се мошне влошени, па воопшто не ја вика „мамо“, туку Патриција, а како што во минатото изјави кај Опра, откако станала славна, пејачката и мајка ѝ во целост ги замениле улогите.
„Секогаш ќе се грижам за неа. Имаше голема замена на улогите уште од почетокот кога почнав да пејам. Јас, иако бев најмала во семејството, сепак бев матријархатот во семејството.
Ретко кој ме разбира. Тоа е мошне голем притисок, но заедно со големиот број очекувања, доаѓаат и чувствата како презир и завист. Навистина не е лесно“ – рече Мараја.
Своите брат и сестра таа ги вика „поранешни“ брат и сестра, а како што откри, тие се само сконцентрирани на тоа да заработат пари на нејзина сметка, па дури се подготвени да се јават во таблоиди и да понудат секакви приказни за извесен износ.
Кери за брат ѝ рече дека бил мошне насилен, а во нејзината книга мемоари The Meaning of Mariah Carey откри дека се обидувала постојано да се обиде да најде разбирање за сестра ѝ заради големиот број пороци и зависности со кои таа се соочувала, иако сестра ѝ воопшто не размислувала за нејзиното добро.
Како што пишуваше Мараја, сестра ѝ се обидувала да ја дрогира со Валиум, ѝ нудела кокаин на ноктот од малиот прст, ѝ нанела изгореници по телото, па дури и се обидела да ја продаде на макро.
Сепак славата во голема мера ѝ го променила животот. Сега, ниту една новогодишна и божиќна сезона не може да помине без мега-хитот на Мараја Кири All I Want For Christmas Is You, а ниту годинава не ја пропушти можноста да ја почести публиката со нов божиќен хит.
Годинава таа со Калид ја сними песната Fall in Love at Christmas, на која како што вели работеле во текот на целото лето, а откри како настанал и нејзиниот најголем божиќен хит All I Want For Christmas Is You.
„Секогаш бев мошне емотивно поврзана со Божиќ. Не е заради подароците, туку заради надежта што ја нуди сезоната на празниците. Сакав да го искажам тој дух и да направам песна што ме прави среќна за празниците“ – вели таа.
Прочитајте и Сестра ѝ ја дрогирала, сопругот ја малтретирал: 14 мрачни факти за животот на Мараја Кери
Погледнете повеќе фотографии од Мараја во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело