Зошто Меган Маркл не смее да носи тијара, а Кејт Мидлтон смее?
- Детали
- понеделник, 15 јануари 2018
Блескавиот моден додаток на главата се носи на официјални прослави, но зошто Меган Маркл не сме ја виделе со тијара ниту еднаш?
Кралската свадба на принцот Хари и Меган Маркл ќе се случи за само неколку месеци, а американската актерка е дел од многу формални настани заедно со другите членови на кралското семејство.
На ваквите настани Кејт Мидлтон од време навреме ја гледаме со блескава тијара на главата, но Меган не сме ја виделе во вакво издание ниту еднаш.
Ако се прашувате зошто, причината е конкретна – брак.
Традицијата во Велика Британија забранува немажените жени да носат тијари. Тијарата е многу повеќе од само моден додаток која посочува на кралска припадност, вели експертот за бонтон Грант Харолд, кој додава дека тијарата има историско значење и означува дека таа жена повеќе не е слободна на „пазарот“, односно не е во потрага по сопруг.
Па, така Кејт веднаш по стапувањето во брак со принцот Вилијам го доби правото да носи тијара, а Меган ќе може да го прави тоа од мај годинава, кога ќе се омажи со принцот Хари.
Инаку Кејт обожава да ја носи омилената тијара на принцезата Дијана.
Но, Меган е позната по тоа што од време навреме сака да ги прекршува кралските правила, па ќе видиме каква ќе биде ситуацијата и со ова правило.
С. С. | Црнобело