Има седа коса и не носи шминка, но скока од радост кога ќе го види - Ретко видео од Кијану Ривс со партнерката
- Детали
- четврток, 28 март 2024
Кијану Ривс и неговата партнерка беа снимени од папараци додека имаа приватна средба за време на неговото снимање, а фотките и видеото станаа хит на социјалните мрежи. Скромната девојка на актерот скока од радост додека е со него и парот разменува бакнежи.
Кијану Ривс (59) и неговата партнерка Александра Грант (54) беа снимени додека имаа средба за време на снимањето на неговиот филм Good Fortune во Лос Анџелес.
Во видеото и фотките што се споделуваат во светските таблоиди, се гледа како парот се повлекува меѓу приколките на снимањето и актерот ѝ покажува нешто на својата партнерка на мобилниот телефон, а таа како детенце скока од радост и парот разменува бакнеж.
Александра е со својата препознатлива седа коса, со очила и во опуштено издание и „отскокнува“ од типот на жени кои сме навикнати да ги гледаме околу познатите холивудски актери.
Познато е дека Александра и Кијану се запознале на вечера во 2009-та година и заедно соработувале на два проекти, пред и официјално да откријат дека се во врска во 2019-та година.
Во едно интервју, актерот рече дека кога е со неа чувствува вистинско блаженство.
„Доживеав вистинско блаженство пред неколку дена со мојата девојка. Бевме во кревет. Бевме поврзани. Се насмевнувавме, се кикотевме.
Се чувствувавме одлично. Убаво е што сме заедно“ - рече актерот во интервјуто.
Од видеото и фотографиите што масовно се споделуваат низ социјалните мрежи и низ таблоидите може да се види дека љубовта на парот сѐ уште е силна и вистинска, а тие двајца се радуваат на секој миг што можат да го украдат за да бидат заедно.
Погледнете го видеото:
Прочитајте и Му го стопи срцето со скромноста – Кијану Ривс за првпат страсно ја бакнува неговата девојка на настан (фото)
Б. С. Б. | Црнобело