Му го стопи срцето со скромноста – Кијану Ривс за првпат страсно ја бакнува неговата девојка на настан (фото)
- Детали
- вторник, 18 април 2023
Александра Грант (50) го освои срцето на Кијану (58) и ја омекна неговата строгост, па сега актерот во јавност ја гледаше вљубено, ја држеше за рака и размени страсни бакнежи, откако откри како се чувствува во кревет со неа.
Кијану Ривс и неговата девојка Александра Грант се појавија на уметничка гала во Лос Анџелес викендов и ги привлекоа сите погледи.
Актерот негува имиџ со долга коса и брада веќе подолг период, а Александра, како и секогаш, со природната седа коса и речиси без грам шминка.
Таа заблеска покрај него, облечена во долг црвен, цветен фустан на Carolina Herrera, кој чини околу 8.000 евра.
Парот ги изненади сите, откако по неколку обични позирања, тие се фотографираа додека страсно и љубовно се бакнуваат.
Тие за првпат јавно излегоа како пар во 2019, но ретко се појавуваат на вакви настани, посебно со разменување нежности, па токму затоа се толку впечатливи каде и да се појават.
Прочитајте и Кијану Ривс за првпат искрено за врската со скромната девојка: „Кога сум во кревет со неа, доживувам вистинско блаженство“
Повеќе фотки од нив на настанот:
M. M. | Црнобело