Кијану Ривс за првпат искрено за врската со скромната девојка: „Кога сум во кревет со неа, доживувам вистинско блаженство“
- Детали
- среда, 29 март 2023
„Доживеав вистинско блаженство пред неколку дена со мојата девојка. Бевме во кревет. Бевме поврзани. Се насмевнувавме, се кикотевме. Се чувствувавме одлично. Убаво е што сме заедно“ - рече актерот во интервју за магазинот „People“.
Актерот Кијану Ривс (58), кој во моментов го промовира филмот „John Wick: Chapter 4“, во интервју за магазинот „People“ зборуваше на различни теми за животот и кариерата, но и за својата девојка, уметницата Александра Грант (49).
На прашањето кога последен пат доживеал момент на блаженство, тој одговори дека тоа се случило непосредно пред интервјуто.
„Доживеав вистинско блаженство пред неколку дена со мојата девојка. Бевме во кревет. Бевме поврзани. Се насмевнувавме, се кикотевме. Се чувствувавме одлично. Убаво е што сме заедно“ - рече актерот во интервјуто.
Ривс и Александра се во врска повеќе од три години.
Уметницата е првата жена со која актерот се појавил во јавноста по смртта на неговата девојка Џенифер Сајм во 2001-ва година.
Тие се запознале во 2011-та година, кога првпат почнале да соработуваат, а потоа имале нова деловна соработка во 2016-та година.
Дури потоа меѓу нив се родила љубов.
Откако во 2019 година дојдоа заедно на уметничка и филмска гала вечер во Њујорк, Кијану и неговата скромна девојка со седа коса, секаде одат заедно.
Александра често го следи Ривс на неговите патувања и снимања.
И иако јавноста на почетокот коментираше дека омилениот актер можел да избере поубава жена наместо баба со седа коса, сега е воодушевена од изборот на Ривс.
Многумина велат и дека актерот никогаш не изгледал толку среќен, па можеби е време и да ја побара Александра за жена.
А. Ј. | Црнобело