Славни личности кои поминаа со лесни казни за големи прекршоци

Мел Гибсон ја удрил бившата девојка толку силно, што ѝ ги скршил забите, додека Коби Брајант наводно силувал девојка, но до неговата трагична смрт, не доби никаква казна за ова.

slavni-lichnosti-koi-pominaa-so-lesni-kazni-za-golemi-prekrshoci-01.jpg

За жал, се чини дека понекогаш познатите (и богати) луѓе навистина се над законот.

Додека веројатно сите го искористиле своето влијание за помали прекршоци, како возење со поголема брзина, некои успеале да се извлечат и за многу посериозни дела.

Неколку познати личности кои спаѓаат овде:

Р. Кели

Раперот Р. Кели во 2002 година се најде на суд, откако во јавност се појави видео во кое тој има сексуални односи со малолетна девојка.

Тогаш раперот одговараше за снимање детска порнографија, но не беше осуден за ништо.

Адвокатскиот тим на раперот успеал да ја убеди поротата дека идентитетот на девојката бил дискутабилен, без разлика што таа била идентификувана од неколку сведоци.

Во февруари 2019-та, раперот повторно се најде на суд, овој пат за наводно сексуално насилство. И во овој случај стануваше збор за малолетна жртва.

Вториот пат раперот не се извлече и моментално отслужува 31-годишна затворска казна.

slavni-lichnosti-koi-pominaa-so-lesni-kazni-za-golemi-prekrshoci-02.jpg

Марк Волберг

На 16-годишна возраст, Марк Волберг бил обвинет за напад на едно лице и обид за убиство на друго.

Актерот ги извршил двете злодела во ист ден, а притоа едната жртва ја оставил без свест, додека другата го изгубила окото од нападот.

На крај признал вина, бил осуден на три месеци затвор, но бил ослободен по само 45 дена.

slavni-lichnosti-koi-pominaa-so-lesni-kazni-za-golemi-prekrshoci-03.jpg

Мел Гибсон

Во 2011 година, Мел Гибсон беше на суд за семејно насилство, а жртвата беше неговата тогашна девојка Оксана Григориева.

Актерот ја удирал Оксана, во една прилика ѝ ги скршил забите, а и често ѝ се заканувал по телефон.

Подоцна тој призна вина, но успеа да избегне затворска казна.

Актерот имаше само условна казна, требаше да оди на советувалиште за домашно насилство, а плати отштета од едвај 600 долари.

slavni-lichnosti-koi-pominaa-so-lesni-kazni-za-golemi-prekrshoci-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Линдзи Лохан – 10: Славни личности со најмногу апсења Винона Рајдер била уапсена петпати во една година, додека таткото на Чарли Шин б...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg