Кијану Ривс првпат во 35-годишна кариера се појави со девојка на црвен тепих (фото)
- Детали
- вторник, 05 ноември 2019
Иако постојано го гледаме сам и долги години не бил во јавност со девојка, сега актерот се појави на црвен тепих фатен за рака со 46-годишната Александра Грант.
Кијану Ривс е скромен човек кој секаде се појавува сам и по смртта на неговата сакана во 2001-ва, не се остварил на љубовно поле со ниту една друга жена.
Во неговата кариера, тој никогаш не се појавил на црвен тепих со девојка, но викендов нешто се промени.
На уметничка и филмска гала вечер, Кијану беше забележан како се држи за рака и разменува вљубени погледи со неговата бизнис соработничка, Александра Грант.
55-годишниот актер и неговата нова партнерка не се испуштија од раце и позираа без воопшто да се кријат.
Кијану изгледа конечно ја пронајде среќата, а срцето му го „украде“ 46-годишната уметница:
М. М. | Црнобело