Која е Александра Грант, првата девојка која Кијану Ривс ја покажа во јавноста?
- Детали
- вторник, 05 ноември 2019
Александра Грант е првата девојка која Кијану Ривс реши да ја покаже во јавноста и по низа соло појавувања во неговата 35-годишна кариера, се појави со неа на црвен тепих.
Александра Грант и Кијану Ривс имаат прекрасна љубовна приказна која започнува во 2009-та година.
Парот се запознал на забава во 2009-та година, а средбата довела до неколку деловни соработки набрзо, бидејќи Александра и Кијану ја делеле љубовта за книги и уметност.
https://www.instagram.com/p/Byha-uplwp4/
Сега, речиси 10 години подоцна, вниманието го привлекоа на првиот црвен тепих по повод уметничка и филмска гала вечер.
Но, што е она по што треба да ја запаметите Александра Грант, првата јавна љубов на Кијану Ривс?
Александра е талентиран уметник, родена во Охајо, но пораснала во повеќе земји низ светот – Мексико, Шпанија, Франција...
Има 46 години.
https://www.instagram.com/p/BrbunvLFYg9/
Нејзините дела се изложени во едни од најпрестижните музеи и галерии ширум светот.
Врската со Кијану започнала кога соработувале за илустрациите за првата книга на Кијану, Ode To Happiness, која беше објавена во 2011-та година.
https://www.instagram.com/p/BCHFr_VBAGv/?utm_source=ig_embed
Исто така рачно ја илустрирала и книгата Shadows на Кијану, објавена во 2015-та година.
https://www.instagram.com/p/BCDeU6mBAIU/?utm_source=ig_embed
Александра и Кијану имаат заедничка издавачка куќа, која ги поддржува писателите и уметниците чии дела не можат да најдат „соодветно место на пазарот.“
Покрај нејзините таленти како уметник, има дозвола и да одржува свадбени церемонии и да склопува бракови.
Парот досега многупати се има појавено во јавноста, но сите појавувања ги поврзувале со работата и не зборуваат за нивниот приватен однос.
Фотки од парот:
М. Д. | Црнобело