Линдзи Лохан откако „се смири“ и стана мајка: „Едвај чекам искуствата да му ги пренесам на синот“
- Детали
- сабота, 09 март 2024
Некогаш беше најскандалозна девојка, а сега е сопруга на бизнисмен од Дубаи и мајка. Линдзи Лохан вели дека не се срами од своето минато и гордо потенцира: „Стекнав голема мудрост...“
Линдзи Лохан порасна на малите екрани, но многу повеќе привлекуваше внимание со скандалите, отколку со улогите во филмовите. Забави на кои видно беше под дејство на алкохол и опојни супстанци, апсења...
Речиси и да не постои личност што не знае за нејзините скандали.
Но, откако стапи во брак и стана мајка, Линдзи покажа дека планира да сврти нова страница.
Таа неодамна се појави на премиерата на нејзиниот најнов филм Irish Wish, а даде изјава за медиумите во која накратко се осврна и на нејзиното минато.
Облечена во целосно бел стајлинг, Линдзи нагласи дека не се срами од своето минато и од тоа што го правела.
„Навистина сум благодарна затоа што стекнав голема мудрост од работите низ кои поминав.
Не можам да дочекам да ги споделам тие работи со луѓето што ги знам, како и со мојот син, кога ќе потпорасне“ – изјави таа.
За потсетување, Линдзи двапати беше уапсена за возење под дејство на алкохол, потоа беше на рехабилитација, а во 2011-та година ја уапсија за кражба на ѓердан.
Во 2022 година таа се омажи за бизнисменот од Дубаи, Бадер Шамас, по 3 години врска, а следната година најави дека е бремена.
Прочитајте и Работеше во мртовечница за да не оди во затвор - Линдзи Лохан некогаш беше проблематична девојка, а денес гордо позира бремена
Б. С. Б. | Црнобело