„На Меган Маркл тоа не може да ѝ се случи“ – Извори блиски до сопругата на Хари коментираат за Фотошоп скандалот на Кејт
- Детали
- четврток, 14 март 2024
„Ако Хари и Меган некогаш се соочеа со ист проблем тие ќе беа уништени. Но, ова не е грешка што може да ѝ се случи на Меган. Таа има изострено око“ – наводно коментирале извори блиски до кралскиот пар, откако беше објавено дека фотката на Кејт е фотошопирана, и нејзиното лице е исечено од постара насловна фотка за Vogue.
Речиси два месецa Кејт Мидлтон не се појавуваше во јавност по операцијата на абдоменот, а за Денот на мајките објави фотографија со трите деца, која требаше да ги смири прашањата поврзани со нејзината здравствена состојба.
Но наместо работите да тргнат на подобро, во јавноста се создаде огромен скандал, па на крај и самата Кејт призна дека фотката била обработена со Фотошоп.
Според Daily Mail вкупно 26 делови од фотографијата биле изменети, а одредени делови од неа биле избришани и врз нив биле залепени други елементи.
Овој скандал само уште повеќе ги подгреа гласините на социјалните мрежи дали воопшто Кејт е на фотката, или само била залепена подоцна.
Се верува дека тука е искористена насловната фотка од магазинот Vogue од 2016-та година за да ја направи фотката објавена на Инстаграм.
Дури и самата Кејт подоцна се извини за фотографијата и призна дека експериментирала со уредувањето на фотките.
Од друга страна, пак, американскиот таблоид Page Six објави приказна во која се повика на извори блиски до Меган и Хари, кои наводно дале изјава за реакцијата на кралскиот пар за најновиот скандал што го „тресе семејството“ и дека двата пара не добиваат ист третман од јавноста и медиумите.
„Ако Хари и Меган некогаш се соочеа со ист проблем тие ќе беа уништени. За жал истите правила не важат и за двата пара.
Ова не е грешка што може да ѝ се случи на Меган.
Таа има изострено око и мошне е ориентирана на детали. На фотката имаше голем број грешки, а се чини дека само кај принцот Џорџ ништо не е променето“ – пишува Page Six, повикувајќи се на извори блиски до парот.
По објавената статија во американскиот таблоид, портпаролот на Хари и Меган даде изјава за медиумите, во која рече:
„Со цела почит кон Page Six ние никогаш не сме изјавиле такво нешто“...
Многу е веројатно блискиот извор на таблоидот да го споделил сопственото мислење без претходно да ги праша Хари и Меган за тоа.
Инаку, во британските медиуми топ тема е очекуваното заедничко појавување на Хари и Вилијам на доделувањето на Diana Legacy наградите, но тие нема да бидат физички присутни во просторијата, туку ќе ѝ се обратат на јавноста преку видео повици.
Б. С. Б. | Црнобело