Објавена првата официјална фотка од Кејт Мидлтон, по теориите на заговор дека е во кома
- Детали
- недела, 10 март 2024
„Во благодариме за поддршката во изминатите два месеци“ – стои во описот до првата официјална фотка од Кејт Мидлтoн, објавена по нејзината операција на абдоменот.
Кенсингтонската палата ја објави првата официјална фотка од Кејт Мидлтон, откако во изминатите два месеци се ширеа најразлични гласини околу нејзината здравствена состојба.
Таа по повод Денот на мајките во Велика Британија ѝ се заблагодари на јавноста за несебичната поддршка.
На фотографијата Кејт е заедно со нејзините три деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луи, а фотката ја направил нејзиниот сопруг, принцот Вилијам.
„Ви благодарам за убавите пораки и постојаната поддршка во изминатите два месеци. Ви посакуваме среќен Ден на мајките“ – стои во описот на фотографијата.
Оваа прва официјална фотка следува само неколку дена откако во американскиот таблоид TMZ беше објавена папараци фотка на која наводно Кејт беше во автомобилот со нејзината мајка.
Теоретичарите на заговор во изминатите неколку месеци ширеа гласини на социјалните мрежи за здравствената состојба на принцезата, откако таа имаше итна операција на абдоменот.
Во недостиг на официјални информации на Твитер се ширеа гласини дека принцезата е во кома, или дека закрепнува од бразилски лифтинг на задникот, а речиси никој не беше уверен дека тоа е Кејт на папараци фотките, туку дека кралското семејство искористило двојничка за да ги смири гласините.
Прочитајте и Смешни теории на заговор на Твитер: „Дијана е мртва, Чарлс има рак, Кејт исчезна – се знае кој е виновен“
Б. С. Б. | Црнобело