Принцот Вилијам намуртен, Кејт Мидлтон емотивна на традиционалниот божиќен концерт, среде гласните за развод (фото)
- Детали
- среда, 25 декември 2024
2024-та беше особено тешка година за Кејт Мидлтон – по битката со ракот, се јавија и гласини дека односот со Вилијам не ѝ е најдобар. Сепак, и покрај сето ова, Кејт четврта година по ред го организира веќе традиционалниот божиќен концерт на кој присуствуваше со сопругот и децата.
Четврта година по ред, Кејт Мидлтон го организира божиќниот концерт познат како Together at Christmas.
Концертот е снимен кон средината на декември, но се емитуваше синоќа (24.12), за католичкиот Божиќ.
Иако ова беше можеби најтешката година за принцезата од Велс, таа храбро се справи со настанот, иако во еден миг заплака, а одржа и емотивен говор.
За настанот, Кејт беше елегантна како и секогаш - носеше долг црвен капут со голема црна панделка.
Со неа беше принцот Вилијам, како и нивните деца – принцезата Шарлот и принцовите Џорџ и Луи.
Годинава, ова е едно од ретките појавувања на Кејт во јавност, бидејќи принцезата се бореше со рак.
Истовремено, во периодот кога се снимаше концертот, се разгорија гласините дека во бракот со Вилијам имаат многу проблеми.
Тогаш беа споделени и фотки на кои Кејт плаче, додека Вилијам ја игнорира, па почна да се шпекулира и дека се пред развод.
Во емотивниот говор, Кејт зборуваше за важноста на емпатијата и љубовта.
„Божиќ е моето омилено време од годината, ова е период на подароци, декорации и пити со месо, но исто така ова е период кога треба да забавиме и да размислиме за подлабоките нешта што нè поврзуваат.
Ова е време кога се оттргнуваме од притисокот на секојдневниот живот, кога наоѓаме простор да ги живееме нашите животи со отворено срце, со љубов, добрина и прошка…
Божиќ нè охрабрува да ги земеме предвид искуствата и чувствата на другите.
Исто така, ја рефлектира нашата ранливост и нè потсетува на тоа колку е важно да даваме и добиваме емпатија.
Повеќе од сè, нè охрабрува да се свртиме кон љубовта, а не стравот“, вели Кејт, меѓу другото.
Со бројните присутни, Кејт и семејството пееја и божиќни песни, а на последната, Кејт не можеше да ги додржи солзите.
Сепак, во голем дел од вечерта, принцезата беше во добро расположение - разговараше и се смееше со присутните.
Шарлот, пак, беше вистинска дама на настанот, со темноцрвен капут и елегантна фризура.
Принцот Вилијам седеше настрана, и за разлика од останатите, делуваше намуртено.
Повеќе фотки од божиќниот концерт на Кејт Мидлтон:
Спирова С. | Црнобело