Кејт Мидлтон: „Конечно завршив со хемотерапија по 9 тешки месеци, ракот е страшно патување“
- Детали
- понеделник, 09 септември 2024
„Како што се наближува крајот на летото не можам, а да не ви кажам какво олеснување е што конечно ги завршив моите циклуси на хемотерапија...“, започнува Кејт Мидлтон со трогателната исповед.
Кејт Мидлтон повторно проговори за нејзината дијагноза рак, но и сподели среќна вест дека завршила со хемотерапија, по 9 тешки месеци.
Нејзината исповед, која ја сподели преку видео на официјалниот Инстаграм профил наменет за неа и принцот Вилијам, гласи:
„Како што се наближува крајот на летото не можам, а да не ви кажам какво олеснување е што конечно ги завршив моите циклуси на хемотерапија.
Последните 9 месеци беа неверојатно тешки за нас како семејство. Животот кој го живеете може инстантно да ви се промени за миг и ние моравме да пронајдеме начин за да излеземе од бурата и непознатиот пат на кој завршивме.
Ракот е навистина комплексно патување, страшно и непредвидливо за сите, а особено за вашите најблиски.
Ќе ве соочи со вашите ранливи точки на начин на кој не сте помислиле никогаш претходно и ќе ви даде комплетно нова перспектива на работите.
Ова време особено Вилијам и мене нѐ потсети да рефлектираме и да бидеме благодарни за најмалите, но важни работи во животот кои толку многу луѓе ги земаат здраво за готово... На она наједноставното – да се сака и да се биде сакан.
Да направам сѐ што можам за ракот да не ми се врати е мојот нов фокус. Иако завршив со хемотерапија, мојот пат до комплетно закрепнување е долг и морам да чекорам ден по ден.
Се радувам поради тоа што ќе се вратам на работа и ќе имам неколку јавни кралски должности во месеците кои претстојат.
И покрај сѐ што се случи, влегов во нова фаза на закрепнување со чувство на надеж и ценење на животот.
Вилијам и јас сме многу благодарни за поддршката која ја добиваме и црпиме неверојатна сила од сите кои ни помагаат во овие тешки времиња. Сечија добрина, емпатија и сочувство нѐ трогнуваат.
За сите тие кои продолжуваат со своето сопствено патување со ракот – со вас сум, рамо до рамо, рака во рака. По темнината, доаѓа сонце, само дозволете ѝ на светлината да влезе“.
С. С. | Црнобело