Кејт Мидлтон на роденденската парада на кралот Чарлс - Принцот Луи танцува од радост (видео+фото)
- Детали
- сабота, 15 јуни 2024
Принцот Луи танцува од радост, додека принцот Џорџ и принцезата Шарлот мирно стојат покрај мајка им. Кејт Мидлтон по речиси 6 месеци се појави во јавност, откако објави дека боледува од рак.
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон за првпат се појави во јавност, откако јавно соопшто дека боледува од рак.
Таа заедно со трите деца, присуствуваше на роденденската парада за Кралот Чарлс, а на Инстаграм сподели видео од парадата.
https://www.instagram.com/reel/C8O_hkHNN20/
Нејзиното присуство привлече големо внимание во светските медиуми, особено ако се земе предвид дека таа за последен пат во јавност се појави во декември минатата година, и речиси шест месеци се ширеа гласини за нејзината здравствена состојба.
Британските медиуми, претходно пишуваа дека е многу веројатно таа воопшто да не дојде на парадата, но принцезата сама го потврди присуството во нејзиното обраќање на социјалните мрежи, каде потенцира дека сè уште се бори со болеста и дека се учи секој ден да живее со неизвесноста.
Најрадосен заради нејзиното присуство беше најмалиот принц Луи кој беше уловен како танцува пред мајкаму, а видеото стана хит на социјалните мрежи.
https://twitter.com/vanitatis/status/1801934175190016468
Погледнете повеќе фотографии од појавувањето на Кејт во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело