Кејт Мидлтон првпат видена во јавност по операцијата, твитерџиите не веруваат дека е таа
- Детали
- вторник, 05 март 2024
„Ова не е Кејт“ – коментираат твитерџиите откако беа објавени првите фотки од Кејт Мидлтон, која подолго време исчезна од јавноста, по што почнаа да се шират голем број теории на заговор за нејзината здравствена состојба.
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, минатата недела беше топ тема на социјалните мрежи кога се појавија голем број гласини за тоа што би можело да се случува со неа и заради што омилената британска принцеза целосно се повлече од јавниот живот.
Додека некои ширеа гласини дека принцезата од Велс е во кома и дека нејзината здравствена состојба е сериозно загрозена, други се шегуваа дека сигурно закрепнува од бразилски лифтинг на задникот.
Според кралското семејство, Кејт имала операција на абдоменот и не се откриени други детали за нејзината состојба.
Но, во американскиот весник TMZ се објавени фотките од првото појавување на принцезата во јавност, на кои се гледа дека Кејт во моментов е добро, но дека се труди да остане подалеку од очите на јавноста.
Во понеделникот (04.03) Кејт беше забележана како се вози во автомобил заедно со мајка ѝ Керол, во близина на Виндзорската палата, а на многумина им олесна да видат дека таа изгледа добро, со оглед на тоа што таа во јавноста за последен пат се појави во декември минатата година.
Забележително е дека Кејт и мајка ѝ во автомобилот се сами и без обезбедување.
Инаку, според соопштенијата од Бакингемската палата, принцезата во моментов одмора и закрепнува од операцијата, а не се очекува на кралските должности да им се врати пред Велигден.
Но, овие фотографии не ги прекинаа теориите на заговор на Твитер.
Според некои, Кејт изгледа здебелено во лицето, па се сомневаат дека девојката во автомобилот не е сопругата на принцот Вилијам.
„И треба да верувам дека ова е Кејт Мидлтон? Која е оваа жена?“
This is supposed to be Kate Middleton? Who da fuq is that? pic.twitter.com/4EOIJgXKR8
— MsLoveHangOver💔 (@KTCampbell4) March 5, 2024
„Што е ова? Кејт се фрлила на питите?“
WTF, has Kate Middleton been on the pies? pic.twitter.com/aZD9iKp7Fb
— Darren of Plymouth 🏴 (@wolsned) March 5, 2024
„Мразам теории на заговор, но ова сигурно не е Кејт Мидлтон, сигурно е некоја местенка. Што мислите вие?“
I love a conspiracy (as you well know), but that aint no Kate Middleton... that be some decoy..
— Men Said (@MENSAIDINC) March 5, 2024
What do you think?#KateMiddleton #RoyalFamily #Kate https://t.co/UejzEGPyWS
„Пред операцијата Кејт имаше бенка на образот. Каде ѝ е сега?“
Prior to her abdominal surgery, Kate Middleton had a mole above her lip. In today’s picture, it appears to have magically vanished.
— Cillian (@CilComLFC) March 4, 2024
Is the Royal Family lying to us? 🤔 pic.twitter.com/1tkwKSROJv
„Се бара Вилијам да си ја идентификува сопругата... Ова не е Кејт!“
https://twitter.com/CarmenGranddau1/status/1764746510833475803
Б. С. Б. | Црнобело