„Сакаше да биде принцеза, а денес рекламира кафе“ – Дали Меган Маркл беше во заблуда за тоа како ќе ѝ изгледа кралскиот живот?
- Детали
- сабота, 23 декември 2023
„Некогаш ја претставуваше кралицата, а сега пакува кафе. Леле на кое ниво паднала“ – коментираат оние што ја виделе рекламата за кафе во која глуми и Меган Маркл. Како на некогашната актерка ѝ се срушија сите соништа дека ќе биде принцеза, па сега мора да снима реклами за да преживее?
По неколкуте неуспешни проекти, што и не им донесоа премногу пари, Меган Маркл одлучи дека е време да му се врати на актерството, па се појави во реклама за кафе.
Во рекламата Меган глуми приправничка на генералната директорка на компанијата Clevr Blends, Хана Мендоза, и постојано можеме да ја видиме во заднина како напорно работи.
Но, рекламата на Инстаграм стана вистински хит и голем број луѓе коментираат за појавувањето на некогашната војвотка и сметаат дека ова е знак за нејзиниот пад.
„Некогаш ја претставуваше кралицата, а сега пакува кафе. Леле на кое ниво паднала“;
„Војвотката на Инстаграм“;
„Асистентката во заднина изгледа многу познато, а и работи напорно“ – стои во дел од коментарите.
Од друга страна, во британските медиуми авторите што се блиски до кралското семејство постојано објавуваат нови написи за тоа како Меган живеела во заблуда пред да стане дел од кралското семејство.
Авторот Том Бауер пишува дека кога Меган го запознала Хари, таа не знаела дека тој нема многу пари и дека нема да живее во палата, туку во колиба.
Пред да се преселат во Калифорнија, Хари и Меган прво живееја во четирисобната колиба на имoтот Нотингем, каде што принцот ја побара за сопруга, а потоа се преселија во петособната колиба во Виндзор.
Иако кралското семејство потроши 2,4 милиони фунти за да ја реновира „колибата“, според Том Бауер, животот во таква куќа бил еднаков на затворска казна за Меган.
„Кога се запозна со Хари, Меган не сфаќаше дека тој нема многу пари и дека нема да живеат во палата.
Во Лондон тие не беа под притисок за голема заработка, затоа што немаа голема куќа покрај океанот. Меган никогаш не сакаше да живее во мала куќа во Англија, за неа тоа беше како затворска казна“ – вели тој.
Затоа воопшто не зачудува тоа што откако Меган и Хари се преселија во САД, тие веднаш купија огромна палата вредна 12 милиони британски фунти.
Нивниот нов дом има 9 спални соби, 16 тоалети, библиотека, канцеларии, спа, теретана, соба за игри, вински подрум и гаража за пет возила.
Но, се чини дека трошоците за одржување на нивниот дом се големи, па парот мора да прифаќа „тезги“ за да заработи некој долар.
Рекламата за кафе следуваше само неколку дена откако Меган се пожали дека не можела на синот Арчи да му купи професионален фотоапарат вреден 10.000 долари.
Б. С. Б. | Црнобело