Линдзи Лохан пијана се обиде да киднапира дете: Холивудски скандали кои поминаа незабележано
- Детали
- недела, 16 февруари 2025
Се сеќавате на актерот Арми Хамер за кој пред четири години се појавија обвиненија дека е канибал и вознемирувал девојки со пораки дека сака да ги изеде? Арми исчезна од Холивуд, но скандалот спласна речиси веднаш.
За некои холивудски скандали се зборува и со години подоцна.
На пример, Канје и голата Бјанка на доделувањето на Греми 2025 сигурно ќе се дискутира со години.
Но, постојат многу полуди скандали кои не го привлекле вниманието на јавноста и кои се заборавиле речиси следниот ден.
Шест вакви скандали во продолжение:
Тина Тарнер го застрелала братот на Мајкл Џексон
Ренди Џексон, едниот од браќата на Мајкл Џексон, откри дека Тина Тарнер го застрелала.
Според она што го кажува, тој период тој бил во врска со нејзината асистентка, па отишол кај пејачката за да ја види саканата.
Но, бидејќи не го очекувале, Тина испаничила, го зела нејзиниот пиштол, истрелала двапати и еднаш го погодила Ренди.
Тој избегал преку прозорецот, а вели дека од инцидентот му останала и лузна.
Пејачката се немаше огласено за настанот, но нејзината асистентка ја имаше спомнато приказната уште пред Ренди.
Џони Кеш предизвикал огромен пожар во национален парк
Во 1965 година, познатиот музичар предизвикал пожар во Калифорнија со неговиот „камион за забави“.
Камионот прегреал, Џони не презел ништо, и започнал пожар во национален парк.
Во пожарот изгореле многу ендемски и ретки растенија и предизвикал сериозна штета.
Бидејќи тој бил виновникот, пејачот бил повикан на разговор, но ги игнорирал властите, изјавувајќи дека него не му е гајле за природата што ја уништил.
Овен Вилсон ја напушти ќерка му (но е близок со своите синови)
Овен Вилсон има три деца од три различни жени.
Во 2018-та му се роди најмалото дете – ќерката Лила.
Но, додека е грижлив татко со синовите, мајката на девојчето вели дека ја нема ни посетено откако се родила.
Лила воопшто не го познава својот татко и Овен одбивал секаков контакт со неа.
Од мигот кога се родила, се откажал од старателството и немал во план да го промени тоа.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





