Линдзи Лохан пијана се обиде да киднапира дете: Холивудски скандали кои поминаа незабележано
Продуцентот Фил Спектор уби актерка
Во 2003 година, музичкиот продуцент Фил Спектор, кој има соработувано со ѕвезди како Тина Тарнер и The Beatles, ја застрела и уби актерката Лана Кларксон.
Ана беше пронајдена во домот на Фил, со прострелна рана во устата.
Во 2009-та, тој доби 19-годишна до доживотна казна затвор.
Случајот привлече малку внимание, дури и во САД, додека Фил почина во затвор во 2021-ва.
Прочитајте и: Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано
Линдзи Лохан проба да киднапира дете
Овој скандал и не е така одамна – во 2018-та, пред да се ослободи од пороците, Линдзи Лохан практично проба да киднапира дете.
И, целиот инцидент го пренесуваше во живо на Инстаграм.
Додека е во Москва, под дејство на алкохол, таа му приоѓа на бездомно семејство со мали деца и ги прашува што им треба.
Потоа пробува да ја убеди мајката да ѝ дозволи децата да одат со неа бидејќи надвор било студено.
Во еден миг дури и го фаќа едното од децата за рака, но мајката ја удира.
Семејството пробува да се оттргне од неа, но таа постојано ги следи додека ги снима.
Линдзи не одговараше за вознемирувањето на семејството, а кога новинар ја праша за инцидентот, само му договори дека е премногу уморна да зборува за тоа.
Арми Хамер и обвиненијата за канибализам
Иако обвиненијата дека е канибал ставија крај на актерската кариера на Арми Хамер, факт е дека малку се зборуваше за овој случај.
Пред околу четири години, во јавност се појавија вознемирувачки пораки во кои Арми ѝ пишува на жена дека сакал да слуша како ѝ се кршат коските, како и дека сакал да ја изеде.
Подоцна беше и обвинет за силување, но никогаш не замина на суд.
Целата драма како одеднаш да згасна и Арми исчезна од Холивуд, иако сега пробува да се врати, но безуспешно.
Прочитајте и: Канибализам, силување, насилство – Мрачните обвиненија против актерот Арми Хамер
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





