Како изгледа денес детективот Ник Слотер од „Тропска горештина“ - со хит кошулите хавајки?
- Детали
- петок, 17 јануари 2025
Се сеќавате ли на неговите шарени раскопчани кошули хавајки? Ако сте растеле во 90-тите, сега сигурно климате со глава и се смешкате... Денес, актерот Роб Стјуарт има 63 години и сè уште се занимава со глума.
Ако сте растеле во 90-тите, тогаш сигурно се сеќавате на ТВ серијата „Тропска горештина“ и долгокосиот детектив Ник Слотер и неговата партнерка Силви.
Највпечатлив од сè беше неговиот моден стил, зарем не?
Се сеќавате ли на неговите шарени кошули хавајки?
Денес, канадскиот актер има 63 години и уште се занимава со глума.
На неговиот Инстаграм профил не е многу активен, но неодамна објави фотографија од себе, каде е со бела коса, но уште изгледа одлично.
Последно од него е појавувањето во краткометражниот филм „The Bore“, кој го режирал неговиот син Даниел Стјуарт.
Нашиот омилен лик Ник Слотер:
Како изгледа сега актерот што го глумеше:
Со неговиот син Даниел Стјуарт
Потсетете си и на Како заводникот од „Тропска горештина“ пронајде утеха во Србија?
С. С. | Црнобело