Како изгледа денес Силви Жерар, партнерката на Ник Слотер од „Тропска горештина“?
- Детали
- среда, 13 ноември 2013
Силви му беше партнерка на еден од најпривлечните мажи од серијата „Тропска горештина“, која се емитуваше во деведесеттите.
Керолин Дан е канадска глумица која во серијата му беше партнерка на Роб Стјуарт.
Кариерата ја започнала со улоги на русокоса во романтични филмови, а станала препознатлива благодарение на улогата на Силви Жерар во „Тропска горештина“. Имала и неколку улоги на телевизија, филм и во театар.
„Тропска горештина“ е канадска телевизиска серија, направена во ко-продукција со Мексико и Израел, првпат емитувана во период меѓу 1991 и 1993 година, а кај нас емитувана речиси секое лето, особено во минатите години на Македонската радио телевизија.
Серијата ги опишува двајцата приватни детективи, Ник Слотер како поранешен полицаец и Силви Жерар како поранешен туристички агент, кои во секоја епизода заедно решаваат бројни мистериозни случаи.
Серија со која израснаа многу генерации и која никогаш не здосадува за да се потсетите на некоја од нивните авантури.
Во 2008 година познатата Силви Жерар се вратила во својот роден град за да отвори клиника која се занимава со алтернативна медицина, не е омажена и обожава времето да го поминува во фитнес центри.
Еве како денес изгледа црвенокосата агентка која пред само 2 децении беше идол на многу жени, но и недостижен сон на многу мажи.